Владимир (Владо) Сотиров Пирузе (Охрид, 1896 – Софија, 1968) — македонски револуционер и општественик, учесник во македонското револуционерно движење, член на Внатрешната македонска револуционерна организација, борец за самостојна македонска држава.

Животопис Роден е во 1896 г. во градот Охрид, тогаш во Отоманското Царство. Стапил во ВМРО, а истовремено учествувал во активностите на Илинденската организација. За време на бугарската окупација на Македонија, во ноември 1941 година, заедно со Мирчо Кикиритков, Пирузе развил активности во Охрид за автономијата на Македонија.Минало, Том 11, ЕООД Юруков, 2004, с.46 Се приклучил во одборот на доверители на Илинденската организација во с. Ивањевци во 1943 г. како претседател.

Починал во градот Софија во 1968 г. Погребан е во Централните софиски гробишта.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Дејци на Илинденската организација Категорија:Македонски преселници во Софија