Човек-пајак: Нов ден () — американски суперхеројски филм во режија на Дестин Даниел Кретон со Том Холанд во главната улога. Сценариото е напишано од Крис Макена и Ерик Сомерс врз основа на стриповите на Marvel Comics за суперхеројот Човек-пајак. Филмот е 38-ми по ред во „Кинематографската вселена на Marvel“, втор во Шестата фаза и четврти во серијалот филмови за Човек-пајак во Кинематографската вселена по Човек-пајак: Нема пат до дома. Според дејството, Питер Паркер анонимно го заштитува Њујорк, а додека истражува серија злосторства, открива голема тајна.
Содржина Откако д-р Стивен Стрејнџ ја изговорил магијата на крајот од Човек-пајак: Нема пат до дома, светот заборавил на постоењето на Питер Паркер. Четири години подоцна, Паркер анонимно го заштитува Њујорк во ликот на Човек-пајак. Истражувајќи низа злосторства, Паркер дознава голема тајна и се соочува со последиците од своето минато.
Улоги Глумец Улога Том Холанд Питер Паркер / Човек-пајак Зендеја Мишел „Ем-Џеј“ Џонс-Вотсон Џејкоб Баталон Нед Лидс Сејди Синк непознато Лиза Колон-Зајас Џин Девулф Џон Бернтал Френк Кесл / Казнувачот Марк Рафало Брус Бенер / Хулк Мајкл Мендо Мак Гарган / Скорпион Трамел Тилман Вилијам Мецгер Марвин Џонс III Лони Линколн / ТумстоунЧарли КоксМет Мердок / Дердевил
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
Категорија:Американски филмови Категорија:Американски суперхеројски филмови Категорија:Филмови од 2026 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк