Благој Орданов Андреев (Велес, 27 март 1932 — Велес, 2004) — истакнат македонски филмски режисер. Првиот дипломиран режисер во повоена Македонија.

Животопис Благој Андреев е роден на 27 март 1932 година во градот Велес, тогаш дел од Кралството Срби, Хрвати и Словени. Произлегува од историското велешко семејство Андрееви. Неговиот прадедо Тодор се занимавал со занаетот и активен за време на револуционерното движење во градот. Дедо му Андреја Андреев бил касап и стопаственик. Во текот на 1930-тите Андреја отворил дуќан за фурнаџија. Андреја имал три деца: Ордан, Тоде и Димуш. За време на Втората светска војна, поточно при бомбардирањето на Велес, загинал Андреја и Ордан бил повреден. Ордан имал три деца: Славчо, Андреја и Благој.

Благој стекнал основно и средно образование во неговиот мајчин град. По Народноослободителната војна се запишал во Загрепскиот универзитет за режија. Останал неколку години во Загреб каде се оженил и основал семејство со две ќерки. Во текот на 1950-тите се вратил во Социјалистичка Република Македонија каде се вработил во Радио Скопје. Во 1964 година се приклучил во Македонска радио-телевизија Режирал серии од различни жанрови. Меѓу нив се Курирот на Гоце, Јуначко колено и Едно лето. Исто така ги режисирал филмовите: Од зад грб, Стотиот чекор, Цвеќе на карпата итн. Режирал и многу претстави во театари низ Македонија. Работел во МРТ до 1996 година кога се пензионирал.

Се вратил во Велес каде ги поминал последните години, починал во 2004 година.

Филмографија +Филм/СеријаГодинаЗабелешкаСтотиот чекор1968Понижени и навредени1971Адаптација на истоименото дело на Фјодор ДостоевскиЗалез над езерската земја1973Првата македонска серија со 6 епизодиРаспеани градови1973Документација на македонската чалгија.Малиот одред1977Курирот на Гоце1979Едно лето1982Напишано од Бошко Смаќоски.Јуначко колено1984Од зад грб1985Кога меракот пее1986Цвеќе на карпата1989

Наводи

Категорија:Благој Андреев