Зоран Балдовалиев (р. 4 март 1983 година во Струмица) — македонски поранешен фудбалер што играл како напаѓач. Во 2025 година бил назначен за спортски директор на фудбалскиот клуб Брера.

Клупска кариера Зоран Балдовалиев ја започнал својата кариера во македонскиот клуб Беласица, а играл за Македонската фудбалска репрезентацијат помеѓу 2002 и 2003 година. Потоа играл за словенечкиот клуб Публикум од јануари 2004 до март 2005 година, а потоа се вратил во Македонија за да игра за Хоризонт Турново три месеци. Потоа играл за азербејџанскиот клуб МКТ Араз Имисли помеѓу 2003 и 2005 година, а за латвискиот шампион Вентспилс шест месеци во 2006 година.

Во јуни, 2007 година тој се приклучил на бугарскиот тим Локомотив.

Во 2010 година, Балдовалиев бил купен од израелскиот тим Хапоел Ирони Кирјат Шмона, на кого му помогнал да обезбеди место во првата лига на израелскиот фудбал во својата прва сезона таму.

На 5 септември 2011 година, тој се приклучил на тимот од Саудиската професионална лига, Наџран, со едногодишен договор плус опција за дополнителна една година. На почетокот на јануари, тој бил отпуштен од Наџран и се преселил во друг тим од Саудиска Арабија , Ал-Кадисија.

На 16 септември 2012 година, Зоран дебитирал за Турново, постигнувајќи гол во својот прв натпревар. Оттогаш имал ветувачки почеток за клубот со своето искуство. Тој постигнал 16 гола за Хоризонт Турново, во сезоната 2012/13. Тој ги одиграл првите два натпревари за Хоризонт и постигнал 5 гола.

Во летото 2016 година, Балдовалиев се приклучил на Академија Пандев и постигнал 20 гола во сезоната 2016/17, а Академија Пандев бил шампион во Втората лига. Во следната сезона, 2017/18, Балдовалиев постигнал 14 гола и бил трет стрелец во Првата македонска лига. Во летото 2018 година, тој потпишал за Беласица. Тој постигнал 5 гола за Беласица во сезоната 2018/19. По половина година во грчкиот клуб Ѓухтас, Балдовалиев се вратил во својата татковина и се приклучи на тимот Тиквеш на 8 јануари 2020 година.

Подоцна истата година потпишал со ФК Дрита, каде што и се пензионрал во 2021 година.

Меѓународна кариера Тој дебитирал за Македонија во пријателскиот натпревар на гостински терен против Хрватска во февруари 2003 година и одиграл вкупно 4 натпревари, постигнувајќи 1 гол. Неговиот последен меч бил пријателскиот меч против Лихтенштајн во август 2007 година.

Наводи

Надворешни врски

macedonianfootball.com

Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Тиквеш Категорија:Фудбалери на ФК Академија Пандев Категорија:Фудбалери на ФК Керкира Категорија:Фудбалери на ФК Хапоел Ирони Кирјат Шмона Категорија:Фудбалери на ФК Турново Категорија:Фудбалери на ПФК Локомотив (Софија) Категорија:Фудбалери на ПФК Локомотив (Пловдив) Категорија:Фудбалери на ФК Беласица (Струмица) Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалери од Струмица Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Македонски фудбалери