Ѓорѓи Христов (, Битола, Македонија) — македонски поранешен фудбалер и тренер.
Играчка кариера Младинска клупска кариера Роден во Битола, Христов започнал со неговиот роден клуб Пелистер односно во неговиоте младински категории. Таму бил забележан од Цане Грбевски. Сениорска клупска кариера На 16 години, Христов започнал да настапува во првиот состав на Пелистер, пред да премине во Партизан во 1994 година. Следните три сезони ги поминал во црно-белите, победувајќи едноподруго првенства во 1995/96 и 1996/97. Во јуни 1997 година, Христов бил продаден на англискиот клуб Барнсли за сума од £ 1,5 милиони. Тој постигнал 8 лигашки голови во неговата дебитантска сезона со клубот, но клубот претрпел испаѓање од Премиер лигата. Во следните две години, Христов пропуштил многу натпревари поради повреда на коленото, пред на крајот да го напушти клубот во 2000 година. Тој потоа се приклучил на холандскиот клуб Нејмехен.NEC stats - NEC Archief Тој се преселил во Ередивисискиот клуб Зволе во летото 2003 година.Hristov crosses to Zwolle - UEFA
Потоа играл за шкотски Данфермлин Атлетик, унгарски Дебрецен, израелски Хапоел Назарет, грчки Ники Волос (играл само пријателски натпревари), кипарски Олимпијакос Никозија, холандски Ден Бош и азербејџански Баку Тој има играно на пријателски натпревари и со Рапид Виена. Христов во февруари потпишал за Вардар. Таму не останал долго и во јули се преселил во финска Јуваскила.
Меѓународна кариера Христов одиграл 48 натпревари за Македонија, постигнувајќи гол на своето деби во ремито 2–2 против Ерменија на 10 мај 1995 година. На 9 ноември 1996 година, Христов и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Ѓорѓи Христов бил во почетната единаесетка и постигнал гол во 23. минута. На 2 април 1997 година, при победата од 3:2 против Ирска, во Скопје, Христов постигнал 2 гола. Тој постигнал вкупно 16 гола за репрезентацијата, со што е втор стрелец во историјата на македонскиот фудбал, само зад Горан Пандев. Неговиот последен меѓународен натпревар бил во март 2005 година при квалификациита за Светското првенство 2006, против Холандија.
Тренерска и стручна кариера На 4 октомври 2011 година, Христов ја презел тренерската позиција во Металург, иако, поради немањето професионална тренерска лиценца, формално како тренер на клубот бил воден Александар Влахо. Меѓутоа, по поразот од Шкендија од 1:5 во реваншот од четврт-финалето на Купот на Македонија, во ноември 2012 година, Христов си поднесол оставка."Христов поднесе оставка", Дневник, година XVI, број 5022, 23 ноември 2012, стр. 23.
На 18 јуни 2018 година, Ѓорѓи Христов станал директор на академијата на Вардар.
Согласно 15 јануари 2022 година, Христов е во стручниот штаб на ФК Парк Сити.
Наводи
Надворешни врски Играчки профил на Transfermarkt.com Тренерски профил на Transfermarkt.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Пелистер Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Барнсли Категорија:Фудбалери на ФК НЕК Најмеген Категорија:Фудбалери на ФК Зволе Категорија:Фудбалери на ФК Дебрецен Категорија:Фудбалери на ФК Олимпијакос Никозија Категорија:Фудбалери на ФК Ден Бош Категорија:Фудбалери од Битола Категорија:Родени на 30 јануари Категорија:Родени во 1976 година