, претходно наречен , — јапонска марка на цигари, која од 2018 г. е во сопственост и се произведува од компанијата Japan Tobacco (JT).
Историја
Mevius бил пуштен во продажба во 1977 г. под името Mild Seven и бил замислен како поблага верзија од марката Seven Stars. Бил испратен на странските пазари повторно како Mild Seven во 1981 г. и бил првата марка во Јапонија со филтер од јаглен во американска мешавина. Првично било планирано Mild Seven да се третира слично како Seven Stars, меѓутоа во 1994 г. Japan Tobacco (JT) ја сменил марката за учество во Ф1 од Cabin (друга јапонска марка во сопственост на JT) во Mild Seven, при што вертикалната сина лева страна од белата заднина била променета во дизајн на појас. Во тоа време, во телевизиските реклами се користел рекламниот слоган Синиот свет на Mild Seven, а потоа сината боја станала препознатлива боја на марката.
Овие цигари се трети најпушени цигари во светот со 76,5 милијарди примероци ширум светот, веднаш зад Marlboro и Camel. Под името Mild Seven, Mevius бил најпродаван производ. Денес тој претставува втора по големина марка на цигари во светот.
На 8 август 2012 г., Japan Tobacco објавил дека името на марката Mild Seven ќе биде променето во Mevius, поради законските прописи во врска со означувањето на цигарите како „благи“ во одредени земји, како и во обид да се зајакне „врвниот углед“ на марката. Промената на името започнала во Јапонија во февруари, по што следниот месец следеле Сингапур и Кореја.
Спорност Фалсификувани цигари Mild Seven од Северна Кореја Во 2006 г. било објавено дека фалсификувани цигари Mild Seven биле шверцувани и продавани надвор од Јапонија. Дизајнот на кутијата бил многу сличен, но квалитетот на цигарите, како што се мирисот и вкусот, не бил каков што треба. Според резултатите од истражувањата и во и надвор од Јапонија, постои сериозно сомнение дека овие лажни цигари се произведуваат како дел од дејноста за стекнување средства во странска валута од страна на Северна Кореја.
Повлечени цигари Mild Seven поради дефектен филтер Во декември 2007 г., JT повлекол дел од цигарите од марката Mild Seven што се продавале во продавниците во Токио и соседните префектури поради дефектни филтри. Од компанијата изјавиле дека ќе бидат повлечени 14.500 цигари, вклучително и 2.500 дефектни што биле испорачани во 225 продавници во Токио и три други префектури на 13 декември 2007 г. Филтрите на овие цигари не биле правилно залепени и лесно паѓале.
JTI Korea плаќа корисници на Instagram за промоција на Mevius Во септември 2017 г. било објавено дека JTI Korea им плаќала на корисници на Instagram со голем број следбеници да објавуваат фотографии од цигарите Mevius, според документ обезбеден од весникот The Korea Times.
Како надоместок, инфлуенсерите на Instagram, од кои повеќето биле мажи на возраст меѓу 20 и 30 години, наводно добивале до 5 милиони вони (приближно 4.400 американски долари) за секоја објава. Овие фотографии првенствено имале за цел да разбудат интерес за Mevius кај жените што ги следат младите мажи што водат грижа за модата и прикажуваат слики од секојдневието. Голем проблем со маркетингот на JTI на оваа социјална мрежа е тоа што малолетниците се неселективно изложени на овие фотографии што го воздигнуваат пушењето, бидејќи секој, без разлика на возраста, може да се придружи на Instagram и да ги гледа сликите. Во корејскиот Закон за тутунски бисниз не постојат посебни правила што ги регулираат маркетиншките и продажните активности на производителите на цигари на Instagram, Facebook и другите социјални мрежи.
Еден корисник на Instagram се јавил и го известил The Korea Times за насоките за инфлуенсери на Instagram за да ја запознае јавноста со сомнителниот маркетинг на JTI Korea на социјалните мрежи. Тој изјавил дека бил контактиран од лице од маркетиншкиот тим на JTI Korea во јуни 2017 г.. „JTI систематски регрутираше млади машки корисници на Instagram што имаат најмалку 10.000 следбеници“, изјавил корисникот под услов на анонимност. „Слушнав дека им нуделе од 4 до 5 милиони вони за секоја објава во текот на еден месец, зависно од бројот на нивните следбеници. На корисниците им беше дадено ливче на кое беше нацртано како треба да ги фотографираат и прикажуваат производите“. Маркетиншката тактика на компанијата е срамотна, додал тој, нагласувајќи дека малолетниците, особено млади девојки, биле изложени на стотици фотографии што го разубавуваат пушењето. „Многу млади девојки внимателно ги следат овие згодни мажи во нивните 20-ти и 30-ти години што редовно објавуваат фотографии од своите убаво обликувани тела. Тие сигурно виделе многу од овие слики на Mevius“, изјавил корисникот. „Решив да ја известам јавноста за неморалниот маркетинг на JTI, поради загриженоста дека тинејџерите можат да станат посклони кон пушење цигари“.
Насоките на JTI утврдуваат како корисниците на Instagram треба да фотографираат и какви фрази да користат при прикажувањето на фотографиите. Меѓутоа, JTI Korea негирала дека изработила такви насоки, нагласувајќи дека никогаш не вршела маркетинг преку социјалните мрежи. „Внатрешните политики на нашата компанија забрануваат незаконски маркетиншки активности“, изјавил претставник на компанијата. „JTI Korea строго ги почитува сите соодветни домашни закони во нашите деловни активности“.
Спорови околу користењето тутунски листови во близина на Фукушима На интернет се појавиле спорови за тоа дека цигарите Mild Seven се произведувале со тутунски листови одгледани во близина на локацијата на нуклеарната несреќа во Фукушима во Јапонија. Некои претпоставувале дека Mild Seven го сменил името во Mevius за да избегне такви сомнежи. Меѓутоа, спорноста била отфрлена со официјалната изјава на JTI Korea дека „Mevius воопшто не користи јапонски тутун“.
Наводи
Надворешни врски
JTI's web page on the Mild Seven product Kent vs Mild Seven in Minsk
Категорија:Марки на цигари