Евгениј Поп Кузманов (Кузманов, Кузманович) Пулевски (Галичник, XIX век – Галичник, 20 јули 1888) — македонски зограф и иконописец, претставник на Дебарската школа.

Животопис лево|мини|Икона „Св. Благовештение“ од црквата „Св. Петка“, Софија, 1884 г. мини|„Св. Илија“, од параклисот „Св. Кирил и Методиј“, Лешочки манастир, Тетовско. 1887 г. Автор зограф Евгениј Поп Кузманов од Галичник. Размери: 29 х 25,5 х 2 см. Тетовска галерија на икони. Роден е во реканското гратче Галичник, тогаш во Отоманското Царство. Учел кај зографите Фрчковци и кај Дичо Зограф. Станал помошник и придружник на својот сонародник Никола Јанев. Во 1869 г. ги изработил иконостасот, иконите на него и резбаните царски двери со позлата за црквата „Св. Никола“ во Градец, Кривопаланечко. Иконата на Св. Ѓорѓи е насликана „“. Стилот на зографот претрпел значителни промени од неговите први до последни познати дела.

Подоцна се преселил во Североисточна Бугарија. Во 1871 г. работел во црквата „Св. Троица“ во Бојница, Кулско, каде иконите се потпишани. Зачувани се отоманскиот ферман и сметката на свештеникот или игуменот, во кои пишува „на зографина дадох 2115“. Десетте олтарски икони прикажуваат импресивни претстави, но без увид во анатомската форма и структура. Кузманов ја стилизиралал светлосенката, остро дефинирајќи ја границата помеѓу светлината и темнината. Кузманов се обидувал да го имитира Дичо Зограф. Икони и на двајцата се наоѓаат во црквата „Св. Петар и Павле“ во Кула: иконите на Св. Ѓорѓи, Св. Илија (датирани 1863 г.) и Св. Петар и Павле. Тој ги насликал олтарските икони за црквата „Пресв. Богородица“ во Брегово.

Во 1872 г. сликал во црквата „Вознесение Христово“ во с. Црешево, Скопско, каде што оставил потпис „“. Во 1880 г. се вратил во Бугарија и заедно со Никола Јанев работел по селски цркви. Во 1880 година, заедно со Јанев и Алексо Василев го живописал храмот „Вознесение Христово“ во с. Катина, Софиско. На западниот ѕид одвнатре стои натписот „“. Ѕидовите, таванот и куполите се покриени со фрески. Ликовите во јужната певница се дело на Никола Јанев — Св. Ѓорѓи, Теодор Стратилат, Тарах, Сергиј, Никита и Меркуриј со Христос Седржител над нив во куполата, евангелисти и пророци. Останатите фрески се дело на Алексо Василев и Евгениј Поп Кузманов. На јужниот ѕид се претставени Пантелејмон, Трифун, Стилијан, Теопемп, Агапиј, Константин и Елена, на северниот — Сава, Антониј, Кузман и Дамјан, Никита, Артемиј и Прокопиј, Петар Александриски со Христос, а на западниот — Јосиф, Јован, Дамаскин, Пахомиј, ангел, Арсениј Нови, Симеон Велики, Вознесението Илиево, Анастасиј и Марина. Фигурите се со обичен колорит и зрачат со суровост. Тие се натприродно големи и се несразмерни и искривени.

Во 1884 г. тој ја изработил иконата „Св. Благовештение“ за софиската црква „Св. Петка“, потпишана „“. Работел со Алексо Василев во Видинско — во „Вознесение Христово“ во Извор, како и во Србија во 1886 г. Кон крајот на својот живот се вратил во родниот Галичник. Автор е на плаштаницата во селската црква „Св. Петка“.

Во 1885 г. работел во црквата „Св. Теодор Тирон“ во Видин. Во 1887 г. ги изработел фреските во црквата „Св. Илија“ во Ковилово. Врз основа на иконографската програма, односот кон архитектонските и природните средини и формулацијата на посветата, Иванка Гергова му ги припишува на Евгениј Поп Кузманов анонимните фрески во црквата „Св. Никола“ во с. Врв (1880), а веројатно работел и на иконостасот. Во 1887 г. ја изработил иконата „Св. Илија“ за параклисот „Св. Кирил и Методиј“ на Лешочкиот манастир.

Во 1888 г. го насликал иконостасот на храмот „Успение на пресв. Богородица“ во с. Готовуша, Призренско. Истата година веројатно го живописал и иконостасот на „Св. Никола“ во соседното село Штрпце.

Починал на 20 јули 1888 г. во родното село. Негов роднина бил зографот Христо Мицков.

Наводи

Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Претставници на Дебарската школа