Thesium bavarum — е вид на цветно растение од семејството сандаловидни, Santalaceae.
Опис Ова е повеќегодишно тревесто растение, обично без столони. Стеблото е високо 30-55 см, вертикално, просто или во врвниот дел слабо разгрането, со надолжни ребра, голо. Листовите се тенки, ланцетни, зашилени. Соцветијата се растресити, метличести, цветовите се ситни, хермафродитни, петчлени.
Во Македонија Во Македонија расте по рабови и чистини во појас на дабови и особено на букови шуми, шуми од бел бор, од молика, по варовнички камењари и слично, на надморска височина од 800-1700 метри.
Видот е познат за Бабуна, Кожуф, Плетвар, Мариово, Македонски Брод, и Пелистер.
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија