Thesium divaricatum — е вид на цветно растение од семејството сандаловидни, Santalaceae.
Опис Ова е повеќегодишно тревесто растение, без столони. Стеблото е 15-35 см долго, придигнато или вертикално, во горниот дел разгрането, со плитки надолжни бразди, голо. Листовите се тесно-линејни, зашилени, целокрајни. Соцветијата се широко-разгранети или пирамидални метлички. Цветовите се хермафродитни, петчлени.
Во Македонија Во Македонија расте по брдски пасишта, на камењари и карпи, на чистини во дабови шуми, почесто на варовничка подлога, но се среќава и на силикатна подлога, на надморска височина од 300 до 1600 метри.
Видот е познат за Скопје, Козјак, Штип, Неготино, Криволак, Тиквешко Езеро, Делчево, Гевгелија, Дојранско, Беласица, Дебар, Галичица и други места.
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија