Споменик на Св. Климент Охридски – монументална скулптура посветена на големиот македонски просветител и светец, изработена од истакнатиот македонски вајар Томе Серафимовски во 2010 година.

Местоположба Споменикот се наоѓа во средишното зеленило на истоимениот булевар Булевар „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во непосредна близина и наспроти Соборниот храм „Климент Охридски“.

Опис Скулптурата е излеана во бронза, висока околу 4,5 метри и поставена на постамент висок 1,2 метри. Претставува класична и реалистична претстава на светецот во свечена облека со отворена книга во рацете, симболизирајќи ја неговата просветителска, учителска и духовна мисија низ вековите. Делото е поставено како дел од збогатувањето на урбаниот простор во средиштето на градот.

Делото е поставено во декември 2010 година како дел од проектот „Скопје 2014“. Вкупната вредност на споменикот изнесувала 190.042 евра, сума која покрај авторскиот хонорар ги покривала и трошоците за леење, превоз, набавка на материјали и ангажман на соработници.

Поврзано Св. Климент Охридски Томе Серафимовски Споменик на Св. Климент Охридски во дворот на НУБ

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Св. Климент Охридски Категорија:Дела на Томе Серафимовски Категорија:Скулптури од 2010 година Категорија:Споменици во Скопје