Споменик на Св. Климент Охридски – споменик на учителот, просветителот и симболот на духовната светлина од познатиот македонски вајар Петар Хаџи Бошков од 1972 година.
Местоположба Споменикот се наоѓа во дворот на НУБ „Св. Климент ОхриDски“ во Скопје. Поставен е во рамките на архитектонското и партерното уредување на новиот комплекс на библиотеката, дело на архитектот Петар Муличковски, со што претставува значаен пример за синтеза меѓу современата архитектура и јавната пластика во периодот по земјотресот во Скопје.
Опис Овој монументален споменик е со висина од 5 метри и е целосно изработен од црн јабланички мермер. Обликот ја спојува изворната симболика со апстрактни и геометриски стилизирани елементи, што му дава силен визуелен и симболичен ефект карактеристичен за зрелата фаза од творештвото на Хаџи Бошков. Скулптурата ги истакнува вертикалите на ликот, со што се нагласува неговата монументалност и возвишеност. Облеката, иаковедена во сведени форми, е моделирана со ритмични набори кои додаваат динамика. Горниот заоблен дел ја отсликува духовната и интелектуална сила на просветителот. Скулптурата не прикажува само физички лик, туку симбол на духовно преродување, знаење и трајност.
Поврзано Св. Климент Охридски НУБ „Св. Климент Охридски“ Петар Хаџи Бошков
Наводи
Категорија:Св. Климент Охридски Категорија:Дела на Петар Хаџи Бошков Категорија:Скулптури од 1972 година Категорија:Споменици во Скопје