Лубок (plural lubki; )е руски вид на печатена графика, карактеристичен по едноставниот ликовен израз и наративите преземени од литературата, верските преданија и народните приказни. „Лубките“ се користеле како украс во домовите и гостилниците. Раните примероци од крајот на 17-тиот и почетокот на 18-тиот век биле изработувани во техниката дрворез, по што следеле бакрорез или бакропис, а од средината на 19-тиот век — литографија. Понекогаш се појавувале во серијал, што може да се смета за претходник на современиот стрип. Евтините и едноставни книги, слични на популарните книшки со ниска цена (т.н. *chapbooks*), кои главно се состоеле од слики, се нарекуваат „лубочна литература“ . И сликите и литературата најчесто се нарекуваат едноставно „лубки“. Рускиот збор „лубок“ потекнува од „луб“ — посебен вид даска (секундарен флоем) врз која се печателе сликите..THE WOOD ENGRAVINGS OF OLD RUSSIA Позадина
Руските „лубки“ станале популарен жанр во втората половина на 17-тиот век. Врз рускиот лубок првенствено влијаеле „дрворезите и гравирите изработени во Германија, Италија и Франција во раниот дел на 15-тиот век“. Неговата популарност во Русија се должела на тоа што било евтино и релативно едноставно да се умножи отпечаток со користење на оваа нова техника. Лубките вообичаено се продавале на разни пазари на припадниците на пониските и средните класи. Производството на лубки било концентрирано во Москва, околу улицата Николскаја. Овој вид уметност бил многу популарен меѓу овие две општествени класи бидејќи им нудел евтина можност да изложуваат уметнички дела во своите домови. Верските теми биле доминантни сè до 1890 година, кога почести станале световните теми. Бројот на изданија на „лубок“ достигнал 32.000 наслови во 1914 година, со вкупен тираж од 130 милиони примероци. Првичните примероци на „лубок“ биле изработувани како дрворези. Сепак, до средината на XVIII век, дрворезите главно биле заменети со техники на гравирање или офорт, што овозможило отпечатоците да бидат подетални и посложени. По печатењето на хартија, сликата рачно се боела со разредени темпера бои.Иако самите отпечатоци обично биле многу едноставни и без украси, крајниот производ – со додадените темпера бои – бил изненадувачки светол, со живописни бои и линии. Драматичното боење кај раните дрворези донекаде се изгубило со преминот кон подетални гравири.RUSSIAN LUBOK AND THE ILLUSTRATED CHILDREN'S BOOK
Покрај сликите, овие народни графики содржеле и кратка приказна или поука поврзана со прикажаната слика. Рускиот научник Александар Богуславски тврди дека стилот „лубок“ претставува „спој на традициите на руското иконописство и илустрирање ракописи со идеите и темите на западноевропските дрворези“. Обично, уметникот што го изработувал лубокот вклучувал минимален текст како дополнување на поголемата илустрација, која го зафаќала најголемиот дел од гравирата. Жанр на лубокs Фолклористот Дмитриј Ровински е познат по својата работа на категоризација на „лубокот“. Неговиот систем е многу детален и опсежен, а главните категории се: „икони и илустрации од Евангелието; доблестите и пороците на жените; поучни содржини, азбуки и броеви; календари и алманаси; лесна литература; романи, народни приказни и легенди за херои; приказни за Страдањата Христови, Страшниот суд и страдањата на мачениците; народна забава, вклучувајќи ги свеченостите за Масленица, комедии со кукли, пијанство, музика, танц и театарски изведби; шеги и сатири поврзани со Иван Грозни и Петар I; сатири преземени од странски извори; народни молитви; како и државно спонзорирани илустрирани информативни листови, вклучувајќи прогласи и вести“.Постојат и еврејски примери, главно од Украина. Многу „лубоки“ можат да се класифицираат во повеќе категории.
Воен лубок Сатиричната верзија одиграла важна улога во „лубоците“ (народните графики) од времето на војната во Русија. Таа се користела за да се прикаже Наполеон на сатиричен начин, додека руските селани биле претставувани како херои на војната. Ова исто така ги инспирирало другите Руси да помогнат во војната, обидувајќи се „...да го редефинираат рускиот национален идентитет во ерата на Наполеон“ (Norris 2). Лубоците им овозможувале на Русите да му се потсмеваат на францускиот непријател, а истовремено да ја истакнат „руската природа“ на Русија. „Овие воени лубоци го исмевале Наполеон и ја прикажувале француската култура како дегенерирана“ (Norris 4). Лубокот служел како средство за зајакнување на идејата за пораз на француските освојувачи и за прикажување на ужасното уништување што Наполеон и неговата војска ѝ го нанеле на Русија. За да се поттикне рускиот дух, лубоците го прикажувале следново: „Искуството од инвазијата и последователната руска зима ги направиле Наполеон и неговите трупи немоќни, а лубоците го илустрирале тоа преку прикажување на францускиот водач и војниците како немоќни кога се соочувале со руски селани, жени и Козаци“ (Norris 9). Сите различни прикази на руските херои помогнале да се дефинира и прошири верувањето во рускиот идентитет.
Лубок од Руско-јапонската војна Руско-јапонската војна (1904–1905) започнала на 8 февруари 1904 година кај Порт Артур со ненадеен напад од страна на Јапонската царска морнарица. Во тоа време, „Русија била етаблирана европска сила со голема индустриска база и редовна армија од 1,1 милион војници. Јапонија, пак, со малку природни ресурси и слаба тешка индустрија, имала армија од само 200.000 луѓе“. Поради огромната разлика во воената моќ, Русија сметала дека ќе има предност уште пред да започне војната. Биле создавани „лубоци“ (народни графики) кои ја прикажувале прекумерната самодоверба на руската армија, бидејќи тогашните закони за цензура не дозволувале опстанок на сатирични списанија.
Преку употреба на сатирични, а често и расистички карикатури, лубоците прикажувале сцени како „козачки војник кој тепа јапонски офицер и руски морнар кој удира јапонски морнар во лицето“. Овие лубоци, изработувани во Москва и Санкт Петербург, биле создавани анонимно и документирале голем дел од Руско-јапонската војна.VERLAG
Можеби токму поради прекумерната самодоверба на Русите, „за време на битката, јапонските генерали успеале да го проценат противникот и да предвидат како тој ќе реагира во одредени околности. Тоа знаење им овозможило да постават стапица и да го поразат бројно посилниот непријател“.Поради тоа, руската влада на крајот интервенирала со своите закони за цензура и го запрела создавањето на нови сатирични лубоци. Сè на сè, во текот на 1904–1905 година биле создадени околу 300 лубоци.
Наводи
Општи и цитирани референци Farrell, Dianne E. (Winter 1993). "Shamanic Elements in Some Early Eighteenth Century Russian Woodcuts". Slavic Review; 54:4. pp. 725–744. . . Norris, Stephen (2005). "Images of 1812: Ivan Terebenev and the Russian Wartime Lubok". National Identities; 7:1. pp. 1–21. . Roatcap, Adela (November 2004). "Lubki: The Wood Engravings of Old Russia". Parenthesis. 10, p. 22-23.
Надворешни врски
National Library of Russia - Lubok prints
Категорија:Гравури од 17 век Категорија:Гравури од 18 век Категорија:Гравури од 19 век Категорија:Гравури од 20 век Категорија:Народна уметност Категорија:Руска уметност Категорија:Дрворези