Чаушица (познато и како Дрвошко Езеро) — вештачко езеро во близина на селото Дрвош, Македонија. Езерото влегува во групата на оформени акумулации.
Местоположба
Езерото е сместено над селото Дрвош, до кое води земјен пат од некогашното село Хамзали. Самото езеро се наоѓа на самата атарска граница помеѓу овие две села.
Историја
Браната била изградена во време на Југославија за потребите на тогашниот земјоделски комбинат, но водата од акумулацијата никогаш не била искористена за наводнување, туку водата истекувала преку преливникот во реката.
Во 2020 година, Европската Унија доделила грант од 460.000 евра за изградба на систем за наводнуавње од 6,5 километри, со што би се наводнувале 85 хектари обработливо земјиште.
Опис
Езерото има капацитет од 220 илјади кубни метри вода. Со овој капацитет се класифицира како многу мала акумулација.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Дрвош Категорија:Вештачки езера во Македонија