„Лет до Месечината“ — расказ на кинескиот писател Лу Сун од 1926 година.

Содржина Легендарниот стрелец Ји се враќа дома по неуспешниот лов, каде го чека незадоволната сопруга Чанг Е која негодува поради тоа што секојдневно се хранат само со месо од врани. Затоа, утредента, Ји заминува далеку и по грешка убива една кокошка, а нејзината сопственичка му задржува една стрела како залог за цената што треба да ја плати за кокошката. На патот кон дома, Ји е нападнат од неговиот поранешен ученик Панг Менг, кој го погаѓа во устата. Ји му се потмсева на Панг Менг и се враќа дома, каде не ја затекнува жена си. Од разговорот со слугинките, тој сфаќа дека Чанг Е го испила неговиот пијалак на вечноста и дека одлетала на Месечината. Решен да ја врати жена си, Ји ја погаѓа Месечината со три стрели, но со тоа не постигнува ништо.Lu Sun, „Let do meseca“, во: Antologija moderne kineske priče. Geopoetika, Beograd, 2014, стр. 64-77.

Наводи

Категорија:Дела на Лу Сун Категорија:Кинески раскази