Зајон Сузуки (роден на 21 август 2002, во Њуарк) — јапонски фудбалер, голман на и на јапонската репрезентација.
Биографија Сузуки е роден во Њуарк, Њу Џерси САД, од татко ганец и мајка јапонка. Именуван е по библиската локација, Сионска Гора (на англ. Mount Zion) во Ерусалим. Неговото семејство се преселило во Јапонија, додека тој бил мал и се населило во Урава, каде што пораснал.
Сузуки почнал да игра фудбал уште во градинка, следејќи го својот постар брат во овој спорт, а како голман играл уште од основното училиште. Како ученик во основно училиште, се приклучил на академијата на локалниот клуб Урава Ред Дајмондс, и поминал низ младинските категории. Неговиот идол од детството бил Шусаку Нишикава, од кого се инспирирал за голманската позиција.
Надвор од спортот, Сузуки е страствен голфер, иако не го следи овој спорт, а ја ужива и музиката на раперот AK-69.
Клупска кариера Урава Ред Дајмондс Сузуки ја започнал својата професионална кариера во јапонскиот клуб кога имал 16 години и пет месеци, со што станал најмладиот играч во историјата на клубот кој потпишал професионален договор. Своето деби за клубот го направил на 2 март 2021 година, во натпреварот од Купот на Џеј лигата против Шонан Белмаре, во кој ја сочувал својата мрежа „сува“. Неговиот прв настап во Ј1 лигата го имал на 9 мај 2021 година во натпреварот против Вегалта Сендаи, на кој ја сочувал мрежата недопрена во победата од 2-0. Потоа настапил на следните пет последователни првенствени натпревари, откако првиот избор на голманската позиција Шусаку Нишикава бил изоставен поради слабите настапи. Тој забележал четири натпревари без примен гол во шестте настапи за Урава Ред Дајмондс. Сузуки ја освоил наградата New Hero Award во рамките на Џеј лига купот 2021 во својата прва сезона во клубот.
Сузуки дебитираше во АФК Лигата на шампионите 2022 против сингапурскиот клуб Лајон Сити Сејлорс на 15 април 2022 година; сепак, тој направил скапа грешка примајќи повратна топка од Давид Моберг Карлсон, што резултирала со автогол. На следниот натпревар против кинескиот претставник Шандонг Тајшан, тој ја сочувал мрежата недопрена во победата од 5-0. Сузуки настапил на четири натпревари на клубот во групната фаза пред да биде заменет со првиот избор на голманската позиција, Шусаку Нишикава, на патешествието на клубот кое траело се до финалето, во кое иако не настапил Сузуки го освоил трофејот, негов втор со клубот по Суперкупот на Јапонија 2022 освоен претходно во февруари 2022.
Синт-Тројден Во август 2023 година, Манчестер Јунајтед постигнал договор со Урава Ред Дајмондс околу износот на обештетувањето за Сузуки, но тој ја отфрлил понудата за да премине на позајмица во Синт-Тројден, во Белгиската Про лига. Дебитирал за клубот на 27 август, во натпревар од првенството, загубен на домашен терен со 2-0 од Серкл Бриж. На 17 септември 2023 година, ја остварил првата „сува мрежа“ во белгиското првенство во победата со 2-0 над . Откако настапил како стартер на 16 натпревари во првиот дел од сезоната, младиот јапонски голман официјално бил откупен од страна на Синт-Тројден на 1 февруари 2024 година, за сума од околу 4 милиони евра. Во својата прва сезона во Белгија ја завршил со 32 настапи.
Парма На 15 јули 2024 година, Сузуки направил трансфер во екипата на во Серија А, со која потпишал петгодишен договор. Со тоа, тој станал само вториот јапонски фудбалер во историјата на клубот по Хидетоши Наката во 2001 година. Дебитирал во највисоката италијанска лига со Парма на 17 август, во натпреварот против , кој завршил со резултат 1-1. На 31 август 2024 година, за време на натпреварот против , кој завршил со пораз од 2-1 на „Марадона“, Сузуки за првпат во кариерата бил исклучен поради добивање на втор жолт картон после контактот со противничкиот напаѓач Давид Нерес. На 6 октомври 2024 година, во натпреварот против , кој завршил без голови (0-0), Сузуки ја забележал својата прв „сува мрежа“ во Серија А со дресот на „млекарите“. Својата прва сезона во Парма, во која бил неприкосновен прв голман ја завршил со 37 настапи и 7 суви мрежи во првенството.
Во својата втора сезона, Сузки продолжил да биде прв голман на Парма. На 19 октомври 2025 година, во натпреварот во гости против (0-0), Сузуки му одбранил пенал на Максвел Корне длабоко во судиското продолжение со што го спасил својот тим од пораз. Сепак, на 8 ноември 2025 година, за време на првенствениот натпревар одигран на домашен терен против Милан, кој завршил со резултат 2-2, тој го повредил третиот прст од левата рака на скафоидната коска, поради што морал да биде подложен на хируршка интервенција. Повредата го оддалечила од терените четири месеци, враќајќи се на 13 март 2026 за натпреварот против загубен со 4-1. Тој ја напуштил Парма, по вкупно 59 настапи за клубот.
Астон Вила На 19 август 2026, Сузуки потпишал за Астон Вила, во трансфер вреден 30 милиони евра.
Репрезентативна кариера Сузуки ја претставувал Јапонија во многу младински репрезентации.
Во 2021 година, тој бил повикан во составот на олимписката репрезентација на Јапонија за Летните олимписки игри 2020 во Токио, но не настапил ниту еднаш за време на турнирот.
Во 2022 година, со јапонската репрезентација под 23 години, Сузуки учествувал на Азискиот куп во категоријата.
На 19 јули 2022 година, Сузуки го имал своето деби за сениорската репрезентација на Јапонија, играјќи како стартер во натпреварот од Купот на Источна Азија против , кој Јапонија го добила со 6-0.
Во јануари 2024 година, селекторот Хаџиме Моријасу го вклучил во списокот на повикани играчи за Азискиот куп 2023. За време на групната фаза од турнирот, тој бил одговорен за неколку лични грешки, поради што бил жртва и на расистички навреди на социјалните мрежи (кои подоцна биле осудени од страна на јапонската федерација); сепак, тој го задржал своето место како првотимец, додека „Сините Самураи“ на крајот биле елиминирани во четвртфиналето од страна на .
Наводи
Надворешни врски
Зајон Сузуки на soccerway Зајон Сузуки на transfermarkt Зајон Сузуки на espn Зајон Сузуки на tuttocalciatori Зајон Сузуки на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Јапонски фудбалери Категорија:Родени во 2002 година Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Урава Ред Дајмондс Категорија:Фудбалери на ФК Синт-Тројден Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026