„Потонување“ — расказ на кинескиот писател Ју Дафу од 1921 година.
Содржина Еден осамен 21-годишен кинески студент во Јапонија копнее по љубов. Поради тоа, тој го запоставува учењето, не се дружи со никого, ги мрази сите луѓе и страда од меланхолија и депресија. Истовремено, тој редовно мастурбира и потоа се кае за направениот грев. Еден ден, ја гледа ќерката на својто станодавач додека се капе, а потоа бега од срам, мислејќи дека таа го забележала. Затоа, го напушта станот и се вселува во една напуштена куќа во близината. Еднаш, тој заминува на морскиот брег и посетува јавна куќа, каде се опива и ја минува ноќта со една проститутка. Утредента, останувајќи без пари и каејќи се за постапката, помислува на самоубиство.Ju Dafu, „Potonuće“, во: Antologija moderne kineske priče. Geopoetika, Beograd, 2014, стр. 19-55.
Наводи
Категорија:Дела на Ју Дафу Категорија:Кинески раскази