„Женидбата на Змај-деспот Вук“ (српски: Женидба Змај-деспота Вука) — српска епска (јуначка) песна.
Содржина Змај-деспот Вук ја запросува ќерката на еден венецијански бан и ја договора свадбата, а банот му предлага да дојде со точно илјада гости. Кога Вук се враќа дома, добива писмо од свршеницата Росанда, која го предупредува да повика јунаци во сватовите зашто во Босна ќе го пречека злогласниот Алија Ѓерзелез. Затоа, мајка му го советува Вук да ги покани браќата Јакшиќ како девери, за кум да го повика Јанко Сибињанин, а да покани и други јунаци. Така, Вук и сватовите одат по невестата, но додека тој разменува подароци со нејзините родители, доаѓа гласник со веста дека Алија Ѓерзелез ги нападнал сватовите и дека браќата Јакшиќи се борат со последните сили да ја одбранат Росанда. Вук веднаш се впушта во борба со Алија, но не може да го совлада зашто Алија носи оклоп. Тогаш, Росанда го советува да го гаѓа противникот со стрела и така Вук го убива Алија. Потоа, тој ги пребројува сватовите и утврдува дека Алија убил 700 сватови, а со останатите се враќа дома, каде приредува богата веселба.„Женидба мај-деспота Вука“, во: Црнојевићи, Бранковићи и Јакшићи. Београд: Народна књига, 1965, стр. 105-115.
Наводи
Категорија: Српски епски песни