Салваторе Квазимодо ( Рагуза, - Неапол, ) — италијански поет чија поетика поаѓа од херметизмот. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1959 година. Во Фиренца стапува со контакт со групата што го подготвува весникот „Соларија“ и така ја објавува својата прва збирка песни „Води и земји“(1930). Во меѓувреме конечно се сели во Милано, каде што на конзерваториумот добива катедра за италијанска книжевност.Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010.

Творештво Квазимодо објавил и повеќе есеи, меѓу кои „Поет и политичар“, ги преведувал Хомер, Катул, Шекспир, Неруда, а подготвил и повеќе антологии. Во неговиот поетски опус се вбројуваат следниве дела: „Потонатата обоа“(1932), „Ерато и Аполон“(1936), „Нови песни“(1942), „Ден по ден“(1942), „Животот не е сон“(1948), „Лажно вистинско зелено“(1955), „Неспоредлива земја“(1958).

Надворешни врски Salvatore Quasimodo - Официјална страница Лауреати на Нобеловата награда Страницата за Квазимодо Salvatore Quasimodo poetries Strada di Agrigento превод на англиски Salvatore Quasimodo poems Salvatore Quasimodo and Agrigento

Наводи

Категорија:Италијански поети Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература Категорија:Италијански комунисти Категорија:Италијански нобеловци