Настани 1770 — големиот глад во Чешка. 1772 — Првата поделба на Полска. 1773 — во бостонското пристаниште дошло до протест на американските колонисти познат како Бостонска чајна забава. 1773 — почнало Пугачовото востание, најголемата селска буна во руската историја. 1774 — Јохан Волфганг Гете го објавил Страдањата на младиот Вертер. 1775 — почнала Американската војна за независност. 1776 — донесена американската Декларацијата за независност на САД. 1776 — револуција во Чешка. 1778 — почнала војната за баварското наследство меѓу Австрија и Прусија, која завршила година дена подоцна. 1778 — Џејмс Кук станал првиот Европеец кој дошол на Хаваите.

Личности Личности од Македонија Родени 1770 — роден Константин Бели - Македонецот, австриски барон од македонско потекло, роден во Блаца, Кајларско, Егејска Македонија, од каде неговото семејство се иселува во Австроунгарија. 1771 — роден Кирил Пејчиновиќ - Тетоец, македонски просветителски автор кој сите свои дела ги напишал на народен јазик. 1774 — роден Свети Анастасиј Радовишки, македонски христијански светец - новомаченик. 1775 — роден Ѓурчин Кокалески, еден од првите македонски преродбеници и општественици. Автор е на првиот македонски автобиографски текст на народен јазик и со словенското писмо под наслов „Наказание“.

Личности од светот Родени 1770 — роден Лудвиг ван Бетовен, германски композитор на класична музика и пијанист. 1770 — роден Вилијам Вордсворт, англиски поет-романтичар. 1770 — роден Етјен Пивер де Сенакур, француски филозоф и есеист. 1770 — роден Георг Вилхелм Фридрих Хегел, германски филозоф. 1771 — роден Роберт Овен, англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам. 1771 — роден Мехмед Селим-паша, османлиски државник, голем везир на султанот Махмуд II од 14 септември 1824 до 24 октомври 1828 година. 1771 — роден Волтер Скот, шкотски поет и романописец, творец на модерниот историски роман. 1772 — роден Лук Хауард, англиски аптекар и аматерски метеоролог. 1772 — роден Мелетиј III Цариградски, вселенски патријарх во 1845 година. 1772 — роден Нино, грузиска кралска принцеза (батонишвили) како ќерка на кралот Георгиј XII Грузиски и сопружна принцеза на Мингрелија како сопруга на Григол Дадијани, суверениот принц на Мингрелија. 1772 — роден Давид Рикардо, англиски економист, главен претставник на англиската класична школа. 1773 — роден Витез Михај Чоконаи, унгарски поет. 1773 — роден Роберт Браун, шкотски ботаничар. 1774 — роден Каспар Давид Фридрих, германски романтистички пределен сликар. 1775 — роден Андре Мари Ампер, основач на електродинамиката, француски физичар и математичар. 1775 — роден Кирил VII Цариградски , вселенски патријарх од 1855 до 1860 година. 1775 — родена Џејн Остин, англиски романописец. 1775 — роден Фридрих Вилхелм Јозеф фон Шелинг, германски филозоф, претставник на идеализмот. 1776 — роден Ернест Теодор Хофман, германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика. 1776 — роден Јоанис Каподистријас, руски министер за надворешни работи со грчко потекло и прв премиер на новосоздадената грчка држава. 1776 — роден Николај Каменски, руски генерал. 1776 — роден Џон Констабл, англиски уметник од времето на романтизмот. 1776 — родена Накшидил султан, сопруга на османлискиот султан Абдул Хамид I и валиде султан на нејзиниот син Махмуд II. 1777 — роден Александар I, император на Русија во периодот од 1801 до 1825 од династијата Холштаин-Готорп-Романов. 1777 — роден Карл Фридрих Гаус, германски математичар. 1777 — роден Фридрих де ла Мот Фуке, германски писател од романтистичкото движење. 1777 — роден Ханс Кристијан Ерстед, дански физичар, хемичар, и следбеник на Имануел Кант кој го открил магнетниот ефект на електричната струја. 1777 — роден Лукијан Мушицки, српски владика и поет. 1778 — роден Жозеф Геј-Лисак, француски хемичар и физичар. 1778 — роден Јозеф Вроњски, полски филозоф, математичар, физичар, правник и економист. 1778 — роден Кунрад Јакоб Теминк, холандски аристократ и зоолог. 1779 — роден Антим V Цариградски, вселенски патријарх во период од тринаесет месеци во 1841 до 1842 година. 1779 — роден Мустафа IV, дваесет и деветтиот султан на Отоманското Царство во периодот од 1807–1808 година.

Починати мини|На 14 февруари 1779 година починал англиски морепловец Џејмс Кук 1770 — починат Џовани Батиста Тјеполо, италијански фрескосликар во стилот рококо и еден од последните претставници на Венецијанската школа. 1771 — починат Томас Греј, англиски поет. 1771 — починат Бартоломео Растрели, руски архитект со италијанско потекло. 1771 — починат Џовани Батиста Моргањи, италијански медицински научник. 1772 — починат Емануел Сведенборг, шведски научник, филозоф, мистик и теолог. 1774 — починат папата Климент XIV, римски папа од 19 мај 1769 до 22 септември 1774 година. 1774 — починат Мустафа III, дваесет и шестиот султан на Отоманското Царство. 1775 — починат Кирил V Цариградски, вселенски патријарх во два наврати од 1748 до 1751 година и од 1752 до 1757 година. 1775 — починат Самуил Цариградски, вселенски патријарх во два наврати во периодите од 1763 до 1768 година и од 1773 до 1774 година. 1776 — починат Дејвид Хјум, шкотски филозоф и историчар. 1777 — починат Максимилијан III Јосиф, владетел од династијата на Вителсбаховците како изборен кнез на Баварија (1745–1777). 1778 — починат Франсоа Волтер, француски просветителски писател, историчар и филозоф, познат по неговата духовитост и по неговото застапување за граѓанска слобода, вклучувајќи ги и верската слобода и слободната трговија. 1778 — починат Жан-Жак Русо, женевски филозоф, писател и композитор од периодот на францускиот романтизам. 1779 — починат Џејмс Кук, англиски морепловец, откривач на источниот брег на Австралија, многу острови во Јужниот Тихи Океан и прв кој ги обиколил бреговите на Алјаска. 1779 — починат Антон Рафаел Менгс, германски сликар од Чешка. 1779 — починат Серафим II Цариградски, вселенски патријарх во периодот од 1757 до 1761 година.

Откритија

...

Категорија:18 век Категорија:1770-ти