Чрновишта (дијалектно: Чрновишча; , Маврокамбос; до 1927 г. Τσερνόλιστα, Цернолиста или Τσερνόβιστα, ЦерновистаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσερνολίτσα – Μαυρόκαμπος) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 17 километри северозападно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во јужните делови на Нередска Планина и на 10 километри североисточно од Габреш. Селото се наоѓа на надморска височина од 860 метри.

Историја

Во XV век во Чрновишта биле евидентирани 44 глави на домаќинстваГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989..

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чрновишта се состоело од 40 семејства со 114 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Чрновишта имало 260 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Церновишта се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 46 куќи.

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, од 50 куќи останале само 5 неопожарени, додека биле убиени Дјамо Марков (45 г.), Ламбро Цилев (20), Мара Дерондовска (65)Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 292.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 368 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело едно училиштеBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 45 македонски семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7..

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 207 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 325 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Маврокамбос, или во превод Црно поле.

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупаториМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.), по кое било предадено на бугарските силиДаскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, мит или реалност, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 488..

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Дваесетина деца од селото биле протерани како деца бегалци.

По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Демографија

Во 1928 година селото броело 328 жители..

Селото во пописот од 1951 година броело 199 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 181 жител, во 1971 година имало 139 жители, во 1981 година имало 119 жители, додека во 1991 година имало 76 жители. Денеска, населението на селото е 9 жители според пописот од 2001 година.

Личности десно|мини|Ставре Цилев Родени во Чрновишта Ване Христов (? - 1904) Васил ЧерновскиМакедонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 97. Мито ПоповΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 86. Ставрос Цилис

Наводи

Категорија:Костур (општина) Категорија:Корешта