Латвиски јазик (latviešu valoda) или летонски јазик источнобалтички јазик и службен јазик во Латвија. Латвискиот јазик го зборуваат околу 1,4 милиони Латвијци во Латвија и околу 150.000 Латвијци во дијаспората. Овој јазик има голем број говорници на кои латвискиот не им е мајчин јазик, ситуација која не е типична за помалите јазици во светот. Од малцинските заедници во Латвија , кои вкупно бројат околу 924.000 жители, само 30% го зборуваат јазикот. Латвискиот јазик е сроден со литванскиот јазик и се во иста јазична група, но сепак не се меѓусебно разбирливи.
Латвискиот е нефлексивен јазик со неколку аналитички форми, три дијалекти и германско синтаксичко влијание. Јазикот има само два граматички рода. Секоја именка се деклинира во седум падежи: номинатив, генитив, датив, акузатив, инструментал, локатив и вокатив. Официјално писмо на јазикот е латвиската азбука, која е заснована на латиницата, со одредени модификации според латвискиот фонетски систем.
Историја Летонскиот јазик е дел од групата на балтички јазици. Според досегашните истражувања, по разложувањето на праиндоевропскиот јазик, се формирала група на балто-словенски јазици, кои пак се поделиле на две посебни групи во 10 век п.н.е. Како и да е, и покрај постоењето на многу архаични форми во балтичките јазици, денес не е сосема јасно како настанала балтичката група и со кои јазици била првично поврзана.
Според тезите за балтичките јазици, источнобалтичките јазици се одделиле од западнобалтичките јазици во 400 или 600 година. Како последица на тоа, започнало одделување и на литванскиот и летонскиот јазик, кое според верувањата се одвивало во 800 година. Долг период литванскиот и летонскиот јазик биле еден јазик но различни дијалекти. Со текот на времето овие два јазика започнале да се одделуваат и се верува дека имало транзициони дијалекти сè до 15 или 17 век.
Како посебен јазик, летонскиот се појавил во 16 век и се развил од латгалскиот јазик и со асимилирање на курскиот, земгалскиот и селонскиот јазик кои биле посебни јазици во балтичката група на јазици. Најстарите записи на летонски јазик датираат од 1530 година.
Сè до 19 век, летонскиот јазик бил под силно влијание на германскиот јазик, бидејќи високата класа во општеството била создадена од Балтички Германци. Во средината на 19 век започнало Летонското национално будење предводено од Младите Летонци кои инсистирале на употреба на летонскиот јазик. Учесниците во ова движење биле главните промотори за основање на стандардниот летонски јазик и се залагале за летонизирање на странските зборови. Овој тренд кратко траел, бидејќи Летонија била окупирана од Русија и започнал да се користи рускиот јазик и руската кирилица. Сепак, на почетокот на 20 век националното движење било повторно воспоставено.
Во 1908 година, летонските јазичари Карлис Миленбахс и Јанис Енѕелинс ја разработиле модерната летонска азбука, која полека ја заменила стара. Покрај тоа, во летонскиот и литванскиот јазик се вовела и нова одлика, а таа била приспособување на странските имиња и презимиња според летонскиот фонетски систем, без разлика колку тоа било чудно при изговор. Промената на имињата и презимињата се вршат за да се обезбеди добивање наставки за падежи.
За време на Советскиот Сојуз кога и Летонија била дел од него, започнал т.н. процес на русификација. Сталин планирал да ги интегрира сите балтички републики во Сојузот и како резултат на тоа бројот на Летонци во Летонија од 80% паднал на 52%. Денес, летонскиот јазик е мајчин јазик на 60% од вкупното население на државата.
Класификација Летонскиот јазик е дел од подгрупата на источнобалтички јазици на семејството балтички јазици. Балтичите јазици заедно со словенските јазици формираат посебна гранка од индоевропското јазично семејство. Од сите балтички јазици само два се живи, едниот е летонскиот а другиот е литванскиот јазик. Подетално гледано, во источнобалтичките јазици спаѓаат двата живи балтички јазика и три изумрени: курски, селонски и земгалски јазик. И покрај тоа што литванскиот и летонскиот се во иста група и се единствени живи балтички јазика, тие не споделуваат многу сличности и се меѓусебно неразбирливи. Така на пример, двата јазика се слични во морфологијата на именките, но во фонологијата и морфологијата на глаголите имаат доста разлики. Според тоа, летонскиот јазик се смета за поиновативен од литванскиот.
Дијалекти 450 px|thumb|Карта на летонските дијалекти. Ливонскиот дијалект е во сина, средните во зелена и горните во жолта. Летонскиот јазик е составен од три големи групи дијалекти познати како ливонски дијалект, латгалски дијалект и средни дијалекти. Ливонскиот дијалект е понатака поделен на виѕемски говор и курландски говор. Средните дијалекти се основата на литературниот стандарден летонски јазик и се поделени на виѕемски говор, курски говор и земгалски говор. Овие говори не се исти со истоимените изумрени земгалски јазик, селонски јазик и курски јазик.
Левонски дијалект
Ливонскиот дијалект бил под силно влијание на ливонскиот јазик одошто останатите дијалекти во земјата. Овој дијалект има два вида на интонација. Така на пример, во Курланд кратките самогласки на крајот на зборот се изоставаат, додека долгите се скратуваат. Покрај тоа, карактеристично за овој дијалект е тоа што само една форма на глаголот се користи за сите граматички лица. Исто така, личните имиња за сите лица завршуваат на -елс и -анс. Овој дијалект почнал сè помалку да се зборува бидејќи со воведувањето на стандардниот летонски јазик Ливонците почнале да го користат истиот.
Средни дијалекти
Виѕемскиот и земгалскиот дијалект се многу слични меѓу себе и двата во одредена мерка се разликуваат од курскиот дијалект. Курскиот е архаичен дијалект. Во средните дијалекти има три вида интонација, а во земгалскиот се користи и гласот ŗ.
Правопис мини|десно|200п|Библија напишана на стар летонски правопис. Летонскиот јазик во западниот правопис бил за првпат запишан со помош на германскиот фонетски систем, додека латгалскиот дијалект се пишувал со помош на полскиот правописен систем. На почетокот на XX век, овие два биле заменети со посоодветен фонетски систем со користење на латиница приспособена на летонскиот фонетски систем.
Стар правопис Стариот летонски правопис се засновал на германскиот и не го претставувал летонскиот фонетски систем. На почетокот тој правопис се користел за пишување на религиозни текстови. Како и да е, првиот летонски правопис бел несреден и на пример имал дванаесет верзии за запишување на буквата Š. Во 1631 година, германскиот свештеник Георгс Манцелис се обидел да го систематизира летонскиот правопис. Така на пример, долгите самогласки биле запишувани според местото во реченицата, кратките биле проследени од буквата H. Согласките биле запишувани според германскиот правопис, односно повеќе знаци за еден звук. Стариот правопис се користел до XX век кога започнал да се заменува со новиот.
Современ правопис Денес, летонскиот јазик се пишува со летонската азбука, писмо засновано на латиницата кое содржи 33 букви.
A Ā B C Č D E ĒF G Ģ H I Ī JKĶ L Ļ M N Ņ O PR SŠ T U ŪV ZŽa ā bc čd eēf g ģ h i ī j kķl ļ m n ņ o prs š t u ūv zžа аа бц чд еееф г ѓ х и ии ј кќл љ м н њ о прс ш т у уув зж
Напомена: Последниот ред е македонски изговор на буквите.
Современата летонска азбука е составена врз основа на латиницата. Така, азбуката опфаќа 22 букви од стандардната латиница, без буквите Q, W, X и Y и има уште единаесет изменети латинични букви. Буквите A, E, I и U се симболи за кратките самогласки, додека со доадавање на макрон над истите се добиваат буквите за долгите самогласки. Покрај стандардните букви, во летонскиот јазик се користат и диграфите: Ai, Au, Ei, Ie, Iu, Ui, Oi, Dz и Dž.
Споредба на правописи Како споредба на различни правописи на летонскиот јазик, следува молитвата „Оче наш“ на летонските правописи:
Првиот правопис(Cosmographia Universalis)Стар правописBIBLIA, published Riga, 1848 (reprint), original edition 1739; "modern" old orthographies published into the 20th century do not double consonantsСовремен правописИнтернет стил Muuſze Thews exkan tho DebbesMuhſu Tehvs debbeſîsMūsu tēvs debesīsMuusu teevs debesiis Sweetyttz thope totws waerdtczSwehtits lai top taws wahrdsSvētīts lai top tavs vārdsSveetiits lai top tavs vaardsEnaka mums touwe walſtibe.Lai nahk tawa walſtibaLai nāk tava valstībaLai naak tava valstiibaTows praetcz noteſeTaws prahts kai noteekTavs prāts lai notiekTavs praats lai notiek ka exkan Debbes tha arridtczan wuerſſon ſemmeskà debbeſîs tà arirdſan zemes wirsûkā debesīs, tā arī virs zemes kaa debesiis taa arii virs zemes Muſze beniſke mayſe bobe mums ſdjoben. Muhsu deeniſchtu maizi dod mums ſchodeenMūsu dienišķo maizi dod mums šodien Muusu dienishkjo maizi dod mums shodien Vnbe pammet mums muſſe parrabeUn pametti mums muhſu parradus [подоцна parahdus]Un piedod mums mūsu parādus Un piedod mums muusu paraadus ka mehs pammettam muſſims parabenekimskà arri mehs pamettam ſaweem parrahdneekeemkā arī mēs piedodam saviem parādniekiem kaa arii mees piedodam saviem paraadniekiemVnbe nhe wedde mums exkan kaerbenaſchenneUn ne eeweddi muhs eekſch kahrdinaſchanasUn neieved mūs kārdināšanā Un neieved muus kaardinaashanaa Seth atpeſthmums no to loune bet atpeſti muhs no ta launa [подоцна łauna]bet atpestī mūs no ļauna bet atpestii muus no ljauna Aefto thouwa gir ta walſtibeJo tew peederr ta walſtibaJo tev pieder valstība Jo tev pieder valstiiba. vnbe tas ſpeez vnb tas Goobtcz tur muſſigeun tas ſpehks un tas gods muhſchigi [подоцна muhzigi]spēks un gods mūžīgi speeks un gods muuzhiigi Amen AmenĀmen Aamen
Граматика
Летонскиот јазик е инфлективен јазик со многу аналитички форми. Јазикот има два граматички рода, машки и женски, и два граматички броја, еднина и множина. Именките се менуваат и по падежи, па така во јазикот има номинатив, генитив, датив, акузатив, инструментал, локатив и вокатив. Во летонскиот јазик нема членови и основниот редослед во реченицата е подмет - прирок - предмет.
Фонологија Акцент и тон Стандардниот летонски и до некоја мера и летонските дијалекти имаат фиксен почетен акцент. Долгите самогласки и дифтонзи имаат тон, без разлика на нивната позиција во зборот. Во ова се додаваат и таканаречените „мешани дифтонзи“, дифтонзи составени од кратки самогласки проследени од гласници. Во летонскиот јазик има три вида тон:
поддржувачки тон висок низ слогот пр. loks - „млад кромид“ опаѓачки тон кратко зголемување на тонот и потоа нагло паѓање на истиот пр. loks - „лак“ прекршен тон зголемување на тонот, потоа паѓање на истиот со прекин во средината што наликува на препукување на гласот пр. logs - „прозор“
Овие три вида тонови се сретнуваат најчесто во стандардниот летонски јазик. Некои летонски дијалекти имаат само по два тона, така на пример во западните дијалекти опаѓачкиот и прекршениот тон се едно исто и во источните поддржувачкиот и опаѓачкиот се исто. Тонскиот систем на летонскиот јазик е сличен со тонот кој може да се сретне во литванскиот, шведскиот, норвешкиот, српскохрватскиот или данскиот јазик.
Гласовен систем Согласки
билабијалнилабиоденталниалвеоларнипосталвеоларнинепчанивеларниексплозивни африкативни носни вевни фрикативни () ()централноапроксимантни латерлноапроксимантни
Забелешка: Согласките и се среќаваат само во странски зборови.
Самогласки
Летонскиот јазик има шест самогласки и секоја самогласка може да биде кратка и долга.
+ предни централни задни кратки долги кратки долги кратки долги затворени средни () () отворени