Џеладин Ѓура (албански: Xheladin Gjura; Шипковица, Тетовско, ?) ― македонски и албански учител и поранешен министер за култура на Албанија (1980).
Животопис Ѓура е роден во тетовското село Шипковица. По Ослободувањето, тој бил учител и началник за култура и просвета во Тетово. Потоа во 1948 година, то се преселил во НР Албанија, каде што минал посебна обука на Сигурими, во логор во околината на Тирана. Подоцна, со група од 18 диверзанти, тој бил уфрлен во НР Македонија и се сместиле во бачилата над селото Шипковица, штитени и хранети од месните јатаци од селото. Откриени од УДБА, по престрелката во 1952 година, еден од нив загинал, а другите диверзанти успеале да се спасат. Истата година, тој уште еднаш престојувал во Македонија. Подоцна пролетта 1979 година, со лажен пасош, пак дошол во Југославија, но во Загреб, каде што се сретнал за политички договор со тогашниот претседател на Извршниот совет на Собранието на Општина Тетово, Менаф Незири, родум од тетовска Речица, и со други сомисленици од Кумановско, од Тетовско и од Косово.
Наводи
Категорија:Луѓе од Шипковица (Тетовско) Категорија:Министри за култура на Албанија Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци