Јован Србиновски (Непроштено, тетовско, 1948) — македонски инженер, металург и долгогодишен директор на ХЕК „Југохром“ од Јегуновце.
Животопис Србиновски е роден во тетовското село Непроштено во 1948 година. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје во 1972 година . Во „Југохром“, тој работел почнувајќи од 1972 година, како инженер, директор на развојот, технички директор и генерален директор од 1991 година. Извршувал повеќе функции во органите на СФРЈ. Бил пратеник во Собранието на Македонија. Автор е на стручни трудови и иновации. Живее во Скопје.
Наводи
Категорија:Луѓе од Непроштено Категорија:Македонски инженери Категорија:Југословенски инженери Категорија:Пратенички состав 1994-1998 Категорија:Апсолвенти на Технолошко-металуршкиот факултет - Скопје