Џафер Сулејмани (; Премет; 14 март 1879 - , 17 ноември 1953) — истакнат македонски лекар од албанска народност.

Животопис Сулејмани е роден во Премет, денес во јужна Албанија, во 1879 година. Студирал медицина во Константинопол и Нанси, Франција. Од 1905 година, па до крајот на животот, тој работел како општ лекар во Тетово. Бил избран народен пратеник на еден мандат (1927) и сенатор на два мандати (1932, 1939) во Кралството Југославија. Уживал голем углед меѓу населението како лекар во Тетово и Тетовско. Неговата куќа во Тетово, претставува споменик на културата.

Наводи

Категорија:Починати во Тетово Категорија:Македонски лекари Категорија:Југословенски лекари Категорија:Луѓе од Премет Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци