Кузман Сотировски - Чокалија (за време на српската окупација: Сотировиќ) (, - Париз, ) — југословенски фудбалер и прв олимпиец од македонска народност. Поради фактот што бил Македонец во Белград, го добил прекарот Чокалија.
Животопис Сотировски е роден во тетовското село Стенче на 16 октомври 1908 година. Тој имал тројца браќа и во 1913 година заминале на печалба во Белград. Таму отвориле фурни и никогаш не се вратиле во селото. Еден од браќата при посета на селото му донел на Кузман топка купена во Букурешт и тоа била прва топка во селото Стенче. Играл фудбал во Белградскиот спортски клуб (БСК), кој четирипати го освојувал првенството на Југославија (1923–). Бил најдобар стрелец во Првата лига во 1927 година, со седум гола. Според досегашните сознанија, тој е прв спортист од тоа што е денес државата Македонија, што станал репрезентативец на Југославија (1928–1931), за која играл петпати и дал два гола на натпреварот Југославија–Романија 3:1 (3:0) во Белград на 6 мај 1928. Бил прв учесник и на Олимписките игри во Амстердам (1928). По поразот од Португалија со 2:1, Југославија отпаднала од натамошните натпреварувања.Pero Zlatar, Zvone Mornar i Roman Garber: Na 5 kontinenta, 1920–1962, Zagreb,1962
Наводи
Надворешни врски
Профил — Фудбалски сојуз на србија
Категорија:Луѓе од Стенче Категорија:Починати во Париз Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Македонски олимпијци Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград)