Мухамед Невзат Халили (албански: Muhamed Nevzat Halili; Џепчиште, Тетовско, ) ― македонски политичар и еден од главните водачи на ПДП.
Животопис Халили е роден на 21 февруари 1951 година во тетовското село Џепчиште. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата за француски јазик и литература. Работел како професор по француски во Средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Поради залагање за поголеми политички права на Албанците во СРМ, како член на СКМ, тој бил казнет со опомена. На првите демократски парламентарни избори, тој бил избран за пратеник во 1991 година. Бил министер без ресор во Владата на Македонија од 20 декември 1994 до 23 февруари 1996, а потоа амбасадор на Македонија во Данска (именуван на 16 мај 1996). Учествувал во првиот круг на вторите претседателските избори на 31 мај 1999 година. Тој бил амбасадор во Кралството Белгија.
Наводи
Надворешни врски Биографија
Категорија:Луѓе од Џепчиште Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Југословенски политичари Категорија:Југословенски средношколски професори Категорија:Пратенички состав 1991-1994 Категорија:Амбасадори на Македонија во Данска Категорија:Амбасадори на Македонија во Белгија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1994 Категорија:Политичари од ПДП Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“