Неокази (, Неохораки; книжевно: Νεοχωράκιον, Неохоракион; до 1928 година: Νεοκάζη, Νεοκάζι, Неокази; книжевно: Νεοκάζιον, НеоказионΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νεοκάζη -- Νεοχωράκι) — село во Леринско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Лерин, во Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во самото Леринско Поле, оддалечено 13 километри од градот Лерин, на надморска височина од 620 метри. Површината на селскиот атар изнесува 9 квадратни километри.
Како официјално седиште на поранешната Општина Неокази, но и денешно седиште на општинскиот оддел се води маалото Свети Атанас, кое се води како посебна населба. Во маалото по последниот попис живееле 33 жители.
Историја
мини|300п|десно|Војници на Антантата во Неокази
Населбата во минатото била мешана, со македонско и турско население. Во почетокот на XX век, Неокази претставувало село во Леринската Каза во Отоманското Царство.
По Илинденското востание, селото било опожарено, а 70 души биле убиени.
Селото било преименувано во текот на 1928 година кога му било доделено името Неохораки (Νεοχωράκι).
Стопанство
Главни производи на населението се жито и тутун.
Население
Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Неокази живееле 650 Македонци христијани и 180 Турци муслимани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 249. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 608 жители.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177. Милоевиќ ја забележал со 60 македонски и само 4 турски куќи.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Неокази се води како мешано македонско-турско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 115 куќи.
По иселувањето на малкуте Турци во 1924 година, тука се доселиле околу 20 бегалски семејства од Понд и Кавказ. Така, заедно со доселениците, Неокази во 1928 година имало 585, а 1940 година селото имало 828 жители. Во времето меѓу двете светски војни во прекуокеанските земји емигрирале 5 семејства, а во текот на Граѓанската војна во Грција 5 семејства и 15 поединци побарале засолниште во Македонија. Во селото, во 1951 година живееле 654 жители, во 1961 година 787, во 1971 година 632, во 1981 година 624, а во 1991 година имало 592 жители, од кои апсолутното мнозинство се Македонци.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 542 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 485 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Овчарани со седиште во селото Неокази, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во истоимениот округ. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Неокази, во кој покрај селото Неокази влегува и неговото маало Свети Атанас.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изградена во 1884 година Црква „Св. Јован Претеча“ — гробјанска црква
Личности
Родени во Неокази Крсто Љондев — револуционер, учесник во МРО
Наводи