Нивици (, Псарадес; до 1927 г. Νίβιτσα, Нивица или Νίβιστα, НивистаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νίβιτσα - Ψαράδες) — село во Преспа, Егејска Македонија, денес дел од општината Преспа во Леринскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 73 жители (2021), сите Македонци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во најјужниот дел на големото Преспанско Езеро, на подножјето од продолжетокот на Галичица, наречен Сува Гора, на надморска височина од 860 м. Во близина е тромеѓата на денешна Грција со Р. Македонија и Албанија. Нивици е сместено на полуостров, кој самиот има долг тесен залив, крај кој лежи селото. Атарот зафаќа .

Топонимија Ова е список на позначајните топоними во Нивици и неговата околина:

Баба, Бочка, В’мбелски Бунар, В’мбелски Јамбол, Волчеа Дупка, Вртељката, Големиот Рид, Горна Мијојца, Голината, Глабока Падина, Дева, Дрениче, Даруља, Зелениката, Изгорен Чкор, Икона, Јамбел, Јонча, Купаска Падина, Лозата, Лозјата, Лоишта, Мијојца, Мирчевски Трла, Мост, Накол, Нивици, Окница, Осоо, Полената, Под Присоо, Подложник, Рот, Рамнина, Сува Чла, Св. Спас, Св. Никола, Св. Атанас, Стог, Средни Рид, Стрната, Тутуновски Падиње, Филакијата, Црвенски Рид, Черешните.

Историја мини|десно|180п|Пештерната црква „Св. Преображение“ кај Нивици Селото првпат се спомнува во XV век.Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.

Селската врква „Успение на Пресвета Богородица“ датира од крајот на XIX век и има статус на заштитено културно добро.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нивици (Nivitzi) било село во Ресенската каза со 30 домаќинства и 92 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Нивица било село во Битолската Каза со 200 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242. По Илинденското востание во 1904 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Нивици (Nivitsi) имало 528 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171. Црквата „Пресвета Богородица“ е изградена во 1893 г.Македонски Алманах, издава ЦК на МПО, уредник Петар Ацев, издание на „The Macedonian Tribune“, Indianapolis, 1940, стр. 42.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Нивици се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 70 куќи.

Според Георги Трајчев, во 1911/12 г. во Нивици имало 72 куќи со вкупно 696 жители, црква со два свештеника и училиште со еден учител.Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 212.

мини|десно|180п|Пештерната црква „Пресвета Богородица Елеуса“ од 1373 г. мини|десно|250п|Куќи во Нивици Со Букурешкиот договор во 1913 г. Нивици е припоено кон грчката држава, кога имало 674 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ вели дека во селото имало 93 македонски куќи. Во 1927 г. грчките власти го преименувале во Псарадес. Во 1928 г. во државниот попис се заведени 585 жители.

Селото настрадало во Граѓанската војна кога дел од жителите се преселиле во Р. Македонија, но селото сепак не се растурило. На 25 и 26 март 1949 г. во Нивици е одржан Вториот конгрес на НОФ. Сепак, намалувањето на населението продолжило и понатаму, особено поради големото иселување во прекуокеанските земји и поголемите градски центри.

Во истражувањето спроведено во 1993 г. е утврдено дека селото е чисто „славофонско“ и дека македонскиот јазик во него е зачуван на средно ниво.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

На 17 јуни 2018 година во селото бил потпишан контроверзниот Преспански договор (наречен и „Договор од Нивици“) од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и Грција, Никос Коѕијас за решавање на спорот околу името „Македонија“ помеѓу двете земји.

Население

Родови Македонски родови од селото, сега и во минатото:

Ајдиновци, Аспровци, Бегутому, Бачетому, Балиловци, Видиновци, Вељановци, Видинчевци, Гинчевци, Димановци, Јанковци, Капедановци, Коруновци, Кузмановци, Ликотому, Мирчевци, Наставчетому, Николовци, Панчетому, Пришетому, Поповци, Петковци, Русковци, Ристановци, Секуловци, Штерјовци, Трпејчини, Тутуновци, Транои, Талетому, Треневци и Шалчетому.

Родови на други места со потекло од Нивици Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1949 г.Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ и Владо Јовановски од 1990-тите, ова се подалечните или поблиски потомци на родови од Нивици кои живеат во разни населени места. Бројот на куќи (означен со „к.“) се однесува на состојбата кон крајот на 1940-тите забележана од Русиќ.

Во Р. Македонија Асамати: се смета дека неговите (македонски) жители водат многу дамнешно потекло од Нивици Брајчино: Џајковци (6 к.) и Шуковци (8 к.), кои порано биле еден род Долна Бела Црква: Дамовци (1 к.) доселени во 1829 г. Долно Дупени: Гинчевци, Секуловци и Трајковци, Нивичани (4 к.) доселени во 1918 г. Подмочани, Ресенско: Ристевци (1 к.) Милевци и Доневци (1 к.), Мишовци-Калунџиовци (о. 1815), Попчевци, Пашариковци и Поповци, доселени о. 1920 г., Фотевци, доселени од Нивици преку Медово о. 1850 г. Крани: Нивичановци (4 к.) Лескоец, Ресенско: Ничовци и Илиовци (7 к.) кон крајот на XVIII век Љубојно: Нивичани (4 к), Панчевци, Јанкуловци (2 к.) Покрвеник: Латовци (2 к.) Рајца, Ресенско: Димовци (1 к.), Стојановци (1 к.) доселени во 1904 г. Стење: Кондовци (5 к.)

Во Егејска Македонија Ахил: Глигоровци, Грујановци или Петковци доселени 1858 г. Медово: Поповци П’пли: Арнаутовци, Бегои, Дамовци, Кочовци, Марковци, Миовци, Наумовци, Петре Баљуко, Стерјовци, Стефовци, Танас Шено, Трпчевци, Тутуновци — денес раселени во Р. Македонија и во странство

Цркви Црква „Св. Преображение“ од XIII век. Црква „Пресвета Богородица Елеуса“ од 1373 г. Црква „Вознесение Христово“ од XV век. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ од 1893 г.

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Преспа со седиште во Р’мби, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нивици, во кој спаѓа и селото Винени.

Стопанство Главно занимање на мештаните е риболовот. Се ловат големи количества риба (Симовски споменува 500 тони) и постои рибарска задруга.

Личности Алексо Мирчев (1912 – 1949) — комунистички деец Ѓорѓи Попов (Παπαγεώργιος Παπαδόπουλος, ? - јуни 1907) — свештеник на грчката црква, убиен од Македонци во јуни 1907 г. Крстин (? – 30 јули 1903), деец на ВМОРО, четник на Никола Кокарев и Дине Нивички Наќе Илов — деец на ВМОРО, четник на Дине Нивишки

Поврзано Нивица — слично наречено село кај Луково во приморјето на Албанија

Наводи

Категорија:Преспа (општина)