Крива (, Грива; до 1926 г. Κρίβα, Крива) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 587 жители (2021). До денес е населено со Македонци.

Географија Селото се наоѓа на 4 км северозападно од Гуменџе, на источните падини на планината Пајак. Кај него е сместен манастирот „Св. Рафаил, Никола и Ирина“.

Историја мини|250п|Црквата „Св. Антониј“ На 1.300 м југоисточно од селото при уредување на дворот на црквата „Св. Антониј“ откриена е античка населба со површинска керамика. Наоѓалиштето во 1996 г. е прогласено за заштитен споменик на културата.

Во Отоманското Царство мини|250п|Црквата „Св. Атанасиј“

Според преданијата на стари мештани, селото е основано на крајот края од XV или почетокот на XVI век. Околу најстарото Горно Маало (Горна Мала) никнале нови маала, подигнати од мештаните и од преселници од југозападна Егејска Македонија. Разликите во говорот на одделните маал се чувствувале сè до почетокот на XX век.Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.633 Црквата „Св. Атанасиј“ („Св. Атанас“) е од 1801 г.

Според Астерјос Кукудис, Крива е поранешно мегнелновлашко село.Αστέριος Κουκούδης - Μελέτες για τους Βλάχους.

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Крива (Κρίβα) било село со 170 христијански семејства.

Селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. уапсени се старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 354.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Крива живееле 1.300 Македонци христијани.

Според Христо Силјанов по Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Егзархијата. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Крива (Kriva) имало 1.600 Македонци, сите под Егзархијата.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Крива било влашко со 350 куќи.

По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во која се оплакуваат на 10-те патријаршиски (гркомански) семејства кои ги узурпирале училиштето и црквата на целото село, лишувајќи 230 егзархистички семејства од образование и духовен живот.

Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Крива имало бугарски учител назначен од Егзархијата, но властите не дозволиле отворање на училиштето поради статуквото.

Есента на 1910 г. војводата Апостол Петков, повторно нелегален, влегол во Крива и одржил јавен говор. Поради тоа на 26 септември во селото се уапсени 80 лица.Дебърски глас, година 2, брой 24, 2 октомври 1910, стр. 2.

По податиц на Егзархијата во 1910 г. Крива имала 224 семејства сочинети од 962 жители Македонци и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61 – 69.

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Κρίβα) имало 790 егзархисти и 120 патријаршисти.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Крива пред Балканските војни имала 155 куќи на Македонци христијани.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. 27 лица од Крива станале доброволци во МОО. Една недела пред почетокот на војната во Крива се одржувало реонско советување на раководтелите на ВМОРО на чело со Ичко Димитров. По предавство од гркоманите, селото било обиколено и во него три дена се водела битка, во која Турците користеле планинска артилерија. Четата се повлекла без загуби, но целата Крива била запалена.Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.634

Во Грција мини|250п|Манастирот „Св. Рафаил, Никола и Ирина“. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор.

Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Крива (Κρίβα) се води како село со 1.049 жители (545 мажи и 504 жени).

Во 1914 г. кај селото е изградена црквата „Св. Илија“.

Веднаш по војните дел од жителите се преселиле во Бугарија поради притосоците кои ги вршела грчката држава врз ова село, активно во преродбеничката дејност и револуционерната борба. Ликвидирани се 94 имоти на овие преселници. Помеѓу 1923 и 1925 г. во Бугарија се иселиле уште 138 жители (20 семејства), а неколку семејства се преселиле во Гуменџе. Со цел да се скрши националниот дух во Крива, во 1920-тите во власта доселила грчки дојденци. Во 1928 г. селото е претставено како мешано со 877 жители, меѓи кои 79 биле грчки дојденци (16 семејства). Повеќемина од дојденците се преселиле на други места бидејќи не можеле да опстанат во Крива.

Во 1926 г. селото е преименувано во Гривас (Γρίβας).

Благодарение на големиот прираст, на пописот од 1940 г. Крива имала 1.223 жители, од кои само 30 биле грчки дојденци.

На 15 август 1986 г. споменикот на грчкиот андарт Спирос Франгопулос во Крива е значително оштетен со чекан од мештанин на Крива.Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.629

+ Месности во Крива преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Сивини Ниви Σίβινι Νίβε Врасијадес Βρασιάδες месност на ЈЗ од Крива Ридот Ρίντοτ Псилома Ψήλωμα месност на Ј од Крива Фугарела или Сува Река Σουγαρέλα Ксиропотамос Ξηροπόταμος река на С од Крива Курија Κουρί Дасаки Δασάκι месност на СИ од Крива (510 м) Пусиите Πουσιΐτ Енедра Ένέδρα возвишение на СИ од Крива и на СЗ од Гуменџе Матруна Ματρούνα Агриохорту Άγριόχορτου возвишение на С од Крива Бартуни Μπαρτούνι Ортолитос Όρθόλιθος возвишение на Ј од Крива (522 м)

Население мини|десно|Поглед на Крива од воздух

Културни и природни знаменитости Верски објекти Црква „Св. Атанасиј“ од 1801 г. Црква „Св. Антониј“ Црква „Св. Илија“ од 1914 г. Манастир „Св. Рафаил, Никола и Ирина“ од 1992 г.

Личности Атанас Гонов — револуционер на ВМОРО, четник на Апостол Петков„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.30 Ичо Костов — револуционер на ВМРО, четник на Апостол Петков Пено Карамуткин (1920 – 1945) — партизан, деец на НОФ и СНОФ Стојан Димитров Јанаков — револуционер, селски раководител на ВМОРО, на 73 години на 15 февруари 1943 г. Тано Георгиев — револуционер на ВМОРО, четник на Апостол Петков Христо Димитров (1912 – ?) — дипломат во Бугарија Христо Пипчев (1886 – 1948) — гркомански андартски деец

Наводи

Надворешни врски

Вести од Крива

Категорија:Пајонија (општина) Категорија:Пајак (планина)