Арбур или Арбури ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 11 километри западно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 341 метри.
Арбур опфаќа површина од 16 квадратни километри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алексово се состоело од 360 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 360 ТурциBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски. И покрај овој факт, на пописот од 1913 година во селото биле регистрирани 501 жител.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да го напушти селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Коронуда.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 438 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 884 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 399 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 442 жители, во 1971 година имало 403 жители, во 1981 година имало 274 жители, додека во 1991 година имало 322 жители. Денеска, населението на селото е 321 жител според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Кукуш