Бела Црква (, Колхида, до 1927 Ακτσέ Κλισέ, Акце Клисе)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Κολχίδα — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 5 километри југоисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 151 метри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бела Црква се состоело од 25 семејства, од кои 12 Роми и 106 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Бела Црква имало 12 Роми и 24 МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 48 Власи и 104 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било напуштено, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 73 жители.
Во 1927 година, селото било преименувано во Микрокамбос.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 155 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 311 жители.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови. Селото во пописот од 1951 година броело 184 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 153 жители, во 1971 година имало 134 жители, во 1981 година имало 132 жители, додека во 1991 година имало 150 жители. Денеска, населението на селото е 142 жители според пописот од 2001 година.
Културни и природни знаменитости Живоносен Извор — средновековен духовен комплекс во кој се наоѓа и денешната селска црква „Св. Јован“
Наводи
Категорија:Кукуш