Грамадна или Граматина ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Άνω Θεοδωράκι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 7 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 234 метри.
Грамадна опфаќа површина од 13 квадратни километри.
Историја
Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од 1616-1617 година селото е наведено под името Грамадна со 10 домаќинства. Со султански декрет од 11 декември 1619 година, селото бло предадено во сопственост на Мимар ага.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228..
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алексово се состоело од 70 семејства и 324 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 600 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 800 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани само 272 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Евкарпија.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 548 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 842 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 879 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 797 жители, во 1971 година имало 639 жители, во 1981 година имало 651 жител, додека во 1991 година имало 539 жител. Денеска, населението на селото е 618 жители според пописот од 2001 година.
Личности
десно|200п|мини|Станиш Наков Родени во Грамадна Кара ВасилМакедонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 98. Гоце Диков (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 209 и 241. Станиш Наков
Починати во Грамадна Стојан Јариџиев„Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 135, ISBN 9549514560
Наводи
Категорија:Кукуш