Горно Тодорак или Горно Тодораќ ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Άνω Θεοδωράκι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 21 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 534 метри.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горно Тодорак се состоело од 45 семејства и 200 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Горно Тодорак имало 370 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 167..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 464 Македонци и работело егзархиско бугарско и српско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..

Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото имало 246 жители, додека во 1920 година 147 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Ано Теодораки.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 103 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 198 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 156 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 184 жители, во 1971 година имало 136 жители, во 1981 година имало 89 жители, додека во 1991 година имало 83 жители. Денеска, населението на селото е 61 жител според пописот од 2001 година.

Личности

Родени во Горно Тодорак Антон АнгеловМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 24. Гоце Тодорачки (? - 1900)Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 35. Дељо Иљов (1881 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 319. Иван Гошев (Вано, 1871 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 182 - 183. Илија Г. ДелковМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 203. Илија Гогов (1886 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 179. Јордан Петрушев (1890 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 568. Кољо Карамитов (1878 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 338. Кољо Митров (1867/1868 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 455. Нако Христов (1884 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 774. Стојко Митров (1889 - ?) Тано Тодорашки (1889 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 705. Христо Македонски (1835 - 1915)

Наводи

Категорија:Кукуш