Кримин (, Кримини; книжевно: Κριμήνιον, Криминион) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 40 жители (2021), сочинето од погрчени Македонци.

Потекло и значење на името Името на селото е изведено од зборот кремен.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Населица, околу 20 км западно од Лапчишта, над десната страна на Праморица, во југоисточното подножје на Горуша, на надморска височина од 730 м. Околни села се Бухорино на запад и Радовишта на југоисток.

Кримин традиционално се дели на две маала: Џерџел (Ѕерѕел) и Варош (Вароси).

Историја

Во Отоманското Царство Според преданието, денешното село настанало при спојувањето на две постари села. Во западните падини на врвот Стар Кримин (Палиокримини), на многу планинско и недостапно место, кај с. Селско постоело истоименото село Кримин. Ова село било разрушено од албански разбојници во XVIII век, поради што неговите жители биле принудени да се иселат – во Битола, Костур, Селица, Стихази и Долос. Меѓутоа, повеќето дошле на ова место и го основале новото село Кримин. Второто селиште е Церо, кое се наоѓало недалеку од Либохово.

Во периодот од XVII до XIX век, Кримин важел за градителско средиште. Зачувани се голем број цркви изградени од кримински мајстори во Јужна Македонија и Епир, но и во Москополе. Овие мајстори биле и главни градители на храмови во светогорските манастири.Тулешков, Н. Архитектурното изкуство на старите българи. Том 2, София, 2006.

Криминскиот мост на Праморица е изграден во 1802 г. со средства на попот Стерјо со попадијата. Крај селото во 1870 г. е подигнат параклисот „Св. Атанасиј“.

Епирскиот хроничар Панајотис Араванитос („Етнографска карта на Епир“) го посочува населението на Кремени (Kremeni) како дел од „гркојазичната област“ Анаселица.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го завел Кримин како село со 78 домаќинства, 119 брачни парови, 306 мажи и 293 жени, сите Македонци. За селото напишал:

Во почетокот на ХХ век Кримин било погрчено македонско село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Кримин (Кремени) живееле 487 жители, сите Грци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кремени е претставено како чисто „грчко“ село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак со 90 куќи.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Криминион (Κριμίνιον) живееле 425 Грци христијани.

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кремене имало 450 Грци.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 540 жители, кои во 1920 г. се свеле на 309 лица. За време на Граѓанската војна (1946–1949), голем број мештани го напуштиле селото, поради што тоа било заведено со само 109 жители во 1951 г.

Стопанство Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи, а се занимава и со сточарство.

Население

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Евстатиј“ — главна селска црква; и Црква „Св. Атанасиј“ — мал параклис јужно од селото.

Чешми

Криминска чешма — стара чешма на сретселото.

Личности Родени во Кримин

Аргир Кримински — зограф од XIX век; Герман Љамадис (1884–1965) — духовник, деец на грчката вооружена пропаганда; Дионисиј (XVIII век) — игумен на Зографскиот манастир; и Павел Јованович (XVIII век – по 1842) — архитект, градител на католиконот на Рилскиот манастир.

Наводи

Литература

Φώτη Ι. Παπανικολάου, Ιστορία του Κριμινίου. Θεσσαλονίκη 1959. 8ον, σ. 120, μετά πολλών ολοσελίδων εικόνων υπό Στίλπωνος Π. Κυριακίδου

Категорија:Горуша (општина)