Ресулјани (Ресул или Ресула; , Велос; до 1928 г. Ρεσούλιανη, Ресулјани; 1928-1959 г. Καλονέρι, Калонери) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 32 жители (2021).
Географија Селото се наоѓа на околу 10 км јужно од Рупишта, на левиот брег нареката Беливод. На југ се граничи со селата Девла и Сломиште.
Историја Во Отоманското Царство На крајот на XIX век Ресулјани било грчко село во Населичката Каза. Се наоѓа на самата македонско-грчка јазична граница — на север од него се македонојазичните села Бела Црква и Песјак, како и двојазичното Моласи.
Во 1874 г. во селото е изградена црквата „Св. Илија“. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ресулја живееле 100 Грци христијани.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ресулјан е село сочинето од Грци-муслимани село во Населичката Каза на Серфичкиот санџак со 15 куќи.
Во Грција Селото било окупирано од грчка војска и по Втората балканска војна во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Ресулјани имало 129 жители кои во 1920 г. се намалиле на 117 лица. На пописот од 1928 г. Ресулјани е заведено со 145 жители. Истата 1928 г. селото е преименувано во Калонери, а во 1959 г. името е сменето во Велос.
Селото поризведува жито, тутун, а делумно се занимава и со сточарство.
Население
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Рупишта