Сволјани (, Агија Сотира; до 1927 г. Σβόλιανη, Сволјани) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 12 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во југозападните падини на Горуша, непосредно до патот Кожани–Лапчишта–Коница (ЕО20), околу 9 км од селото Жупан, на надморска височина од 900 м.
Историја
Во Отоманското Царство Според преданието, селото е основано во XVIII век. Од тој период потекнува и црквата „Св. Преображение“, околу која се наоѓаат селските гробишта.
По името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Сволјани веќе било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Сволјани живееле 200 жители, сите Грци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зволјани е претставено како чисто грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак со 40 куќи.
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сволиене (Svoliené) има 455 Грци.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Зволјани (Ζβόλιανη) живееле 200 Грци христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 267 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 245 лица.
Во 1927 г. името на селото било променето во Агија Сотира (Αγία Σωτήρα).
Стопанство Населението произведува компири, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Население
Самоуправа и политика Во 1919 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 5 квадратни километри. Општината Сволјани била приклучена во општината Жупан во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.
Селото припаѓа на општинската единица Жупан со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е седиште на општинскиот оддел Сволјани, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Константин и Елена“ — главна селска црква; и Црква „Св. Преображение“ — гробјанска црква, изградена во XVIII век.
Мостови
Сволјански мост — стар камен мост кај селото
Наводи
Категорија:Горуша (општина)