Маловци (, Илиолусто, до 1927 Μελάφτσα, Мелафца)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Παρόχθιο — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 17 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 42 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Маловци се состоело од 8 семејства со 34 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Маловци имало 50 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 104 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и Бугарија.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 20 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Илиолусто.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 252 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 406 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 405 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 464 жители, во 1971 година имало 391 жител, во 1981 година имало 394 жители, додека во 1991 година имало 353 жители. Денеска, населението на селото е 460 жители според пописот од 2001 година.

Личности Родени во Маловци Гоце АндоновМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 37. Милан Христов (1885 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 772. Мицо Лазаров (1890 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 403.

Наводи

Категорија:Кукуш