Матница или М’тница (, Макриница; до 1922 г. Μάτνιτσα, Матница) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и Турци.
Географија Селото се наоѓа северозападно од Сер и западно од Валовишта. Лежи во јужното подножје на планината Беласица, во северозападниот дел на Серското Поле. Југоисточно од него е Бутковското Езеро. Северно од селото се наоѓа манастирот „Рождество на пресв. Богородица“ („Пресв. Богородица Гумера“).
Историја Антика и средновековие На ридот Калуѓерски Манастир на 1 км источно од Матница се остатоците од доцноантичката и раносредновековна Матничка тврдина која го чувала патот меѓу Беласица и Круша.
Во Отоманското Царство Во османлиските дефтери на немуслиманското население на Тимурхисарскиот вилает од 1616–17 г. селото е заведено под името Мутниче со 94 даночно обврзани домаќинства, јагленари. Според документ од 1625 г. селото Матниче имало 70 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228, 300.
Во XIX век Матница било село во Демирхисарската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. М’тишта (Mëtischta) било село со 175 домаќинства сочинети од 300 жители муслимани и 470 жители Македонци. Во селото работела грчката пропаганда.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во М’тница (Мѫтница) живееле 1.650 лица, од кои 750 Македонци-христијани и 900 Турци.
Селото подоцна прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Матница (Matnitza) имало 640 Македонци под Егзархијата и во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 27 ученици.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. За кмет бил назначен поранешниот андартски капетан Барба Коста. Во 1913 г. селото броело 1.578 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 1.276 лица. Во 1924 г. турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во истиот период 275 Македонци (70 семејства) се иселиле во Бугарија, не можејќи да го издржат грчкото угнетување. На нивно место власта доселиле грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Матница била мешано село со 573 жители, од кои 439 лица (132 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.
Матница настрадала во Граѓанската војна кога населението е евакуирано во полските села. По војната во селото се вратиле само еден дел од жителите.
+ Месности во Матница преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Гура Γκούρα Мандрес Рема Μάνδρες Ρέμαбеласичка река З од Матница
Население
Личности Ѓора Тодорова Ефремиду (1915 – 1949) — комунистка Мехмед и Али — Турци, дејци на ВМОРО
Културни и природни знаменитости Матничка тврдина од доцната антика и раното средновековие Манастир „Рождество на пресв. Богородица“ од 1971 г.
Наводи
Категорија:Синтика Категорија:Беласица