Кечуани, Кечуанци или само како Кечуа е заеднички термин за неколку староседелски етнички групи во Јужна Америка чиј јазик е кечуанскиот јазик. Оваа етничка заедница живее во Перу, Боливија, Еквадор, Чиле и Аргентина.
Кечуаните во Еквадор се нарекуваат со локално име - кичва. Покрај нив, кечуаните имаат и други термини за себеидентификување како инги (во Колумбија), рунакуна или нуна.
Некои етнички кечуански заедници се: Инки Чанкаси (во Хуанкавелика) Хуанкаси (во Хунин) Кањариси (во Еквадор, го прифатиле јазикот од Инките)
Галерија
Поврзано
Кечуански јазик Ајмари Ајмарски јазик
Категорија:Кечуани