Кралството Куско било мало кралство на Андите во Јужна Америка, денес Перу. Кралството на почетокот било град-држава основана од Инките во 12 век. Низ следните векови, или преку војна или преку мировни договори, кралството започнало да се проширува и се создала познатата Империја на Инките.

Историја thumb|100px|left|Кралството Куско.

Своите организирани цивилизациски почетоци Инките ги бележат во 12 век. Под водство на Манко Капак, тие создале мала град-држава Куско, денес во државата Перу во Јужна Америка. Во 1438 година, под водство на Сапа Инка Пачакутек започнал со проширување на територијата на кралството. Територијата што ја освоил денес се споредува со тринаесетте колонии кои ги создале САД во 1776 година. Таа територија ги опфаќала во голем дел Андите.

Подоцна, Пачакутек го реорганизирал кралството во империја позната како Тавантинсују. Новата империја била од федерален систем со Сапа Инка како водач на истата. Под него биле управителите на четирите покраини од кои била создадена империјата: Чинчасују, Антисују, Контисују и Коласују.

Сапа Инки thumb|right|100px|Манко Капак.

Прва династија Во историјата малку се знае за првата династија Сапа Инки. Нивното владеење започнало со Хурин и опсегот на владеење не се проширил надвор од границите на Кралството Куско. Нивното потекло е тесно сврзано со митското основање на Куско. Династијата била основана од Манко Капак, кој се сметал за син на богот на сонцето и негови наследници се: Синчи Рока, Локе Јупанки, Мајта Капак и Капак Јупанки. Како репутација на Сапа Инките, наредните владетели се именувале како „капак“ или воен водач и „синчи“ или водач. Како почеток на династијата се смета 1200 година.

Втора династија Втората династија владеела со Тавантинсују, и не е дел од управувачката структура на Кралството Куско.

Користена литература María Rostworowski. Enciclopedia Temática del Perú: Incas. Lima: El Comercio S.A., 2004. Editorial Sol 90. Historia Universal 5: América precolombina. Barcelona, España, 2002. Bushnell. Peru, Ancient people and places. MacQuarrie, Kim. The Last Days of the Incas. Simon & Schuster, 2007. ISBN 978-0-7432-6049-7.

Поврзано

Империја на Инките Инки

Кралство Куско Категорија:Поранешни кралства