Рене Катлин Зелвегер (роден 25 април 1969 г.) — американска глумица и продуцент.
Првата голема филмска улога Зелвегер ја добила во хорор продолжението Тексашки масакр со моторна пила: Наредната генерација (1994), а потоа привлекла пошироко внимание во спортската драма Џери Магвајер (1996). За изведбата во комедијата Сестра Бети (2000), таа била наградена со Златен глобус за најдобра глумица во мјузикл или комедија. Таа потоа глумела во романтичната комедија Дневникот на Бриџит Џонс (2001), улога за која добила номинации за Оскар и БАФТА за најдобра глумица. За изведбата во мјузиклот Чикаго (2002), таа по вторпат добила номинација за Оскар за најдобра глумица и по вторпат добила Златен глобус.
Таа добила Оскар, БАФТА награда и трет Златен глобус за најдобра споредна глумица за нејзината изведба во епската воена драма Студена планина (2003). Подоцна таа ја повторила улогата на Бриџит Џонс во продолжението Бриџит Џонс: На ивица на разумот (2004), глумела во драмата Пепелашко (2005), и ја толкувала Беатрикс Потер во биографскиот филм Госпоѓица Потер (2006). Откако направила шестгодишна пауза во кариерата, Зелвегер се вратила успешно на филмското платно во 2016 година, играјќи ја повторно улогата на Бриџит Џонс во романтичната комедија Бебето на Бриџит Џонс.
Филмографија Год. Филм Улога Белешка 1992 Вкус за убивање Мери Лу ТВ филм 1993 Убиство во провинцијата Барбара фон Буш ТВ филм Ошеметени и збунети Неси Вајт Мала улога 1994 Реалноста гриза Тами 8 секунди Прескот Бакл Бани Shake, Rattle and Rock! Сузан Дојл ТВ филм Љубов и калибар 45 Старлин Читенм Rebel Highway Сузан Тексашки масакр со моторна пила: Наредната генерација Џени 1995 Empire Records Џина The Low Life Poet 1996 The Whole Wide World Новалајн Прајс Џери Магвајер Дороти Бојд 1997 Deceiver Елизабет 1998 A Price Above Rubies Соња Хоровиц Единствена вистина Елен Галден 1999 The Bachelor Ен Арден 2000 Сестра Бети Бети Сајзмор Јас, мене и Ирена Ирена П. Ватерс 2001 Дневникот на Бриџит Џонс Бриџит Џонс 2002 Бел олеандерКлер Ричардс Чикаго Рокси Харт 2003 Down with Love Барбара Новак Студена планина Раби Туис 2004 Приказна за ајкулата Енџи Гласовна улога Бриџит Џонс: На ивица на разумот Бриџит Џонс 2005 Пепелашко Меи Бредок 2006 Госпоѓица Потер Беатрис Потер 2007 Филм за пчелата Венеса Блум Гласовна улога 2008 Валкана игра Лекси ЛитлтонАпалуза Ели Френч 2009 Нова во градот Луси Хил Чудовишта против вонземјани Кети Гласовна улога Моја една и единствена Ен Деверо 2010 Случај 39 Емили Џенкинс Мојата сопствена љубовна песна Jane 2016 Целата вистина Лорета Бебето на Бриџит Џонс Бриџит Џонс 2017 Same Kind of Different as Me Дебора Хал Постпродукција
Наводи
Надворешни врски
Интервју со Зелвегер. Интервју со Рене Зелвегер за филмот „Бриџит Џонс“ Рене Зелевегер за „Нова во градот“
З Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1969 година Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус