Водачи
Претседател - Борис Трајковски Премиер - Љубчо Георгиевски (до 1 ноември); Бранко Црвенковски (од 1 ноември); Претседател на Собранието - Стојан Андов (до 3 октомври ); Никола Поповски (од 3 октомври);
Настани јануари 2 јануари - Претседателот на ВМРО - Вистинска реформска опција, Борис Стојменов, е разрешен од функцијата на седницата на Централниот комитет на партијата, а за водач е именуван Борис Змејковски. 17 јануари - Полицијата конечно влезе во тетовското теќе по завршувањето на воениот конфликт. 17 јануари - Кожарскиот комбинат „Годел“ е ставен во ликвидација. 18 јануари - Доста Димовска, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, ја напушти партијата, поднесувајќи неотповиклива оставка на сите нејзини функции. 18 јануари - Поранешниот политички водач на расформираната ОНА, Али Ахмети официјално побара од трите партии на Албанците во Македонија да делегираат по двајца свои претставници кои ќе бидат членови на Координативниот одбор на албанските политички субјекти и поранешните припадници на ОНА.
февруари 3 февруари - Во кумановското село Опае изгорела покривната конструкција на една куќа, а во село Ропалце во избувнал пожар и изгорела до темел една куќа. Станува збор за лица, чии куќи биле реновирани по конфликтот во 2001 година. 17 февруари - Нападнати полициски пунктови во скопско и тетовско. 20 февруари - Во Македонија допатува Претседателот на Европската Комисија Романо Проди кој го повтори ставот на ЕУ за македонските перспективи за членство во Унијата.
март thumb|десно|100px|Али Ахмети 9 март - Основана непрофитна и неполитичка организација БЕСТ. 14 март - Судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешната ОНА, Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу.
април
мај 5 мај - Основана е партијата Демократска унија за интеграција. 17 мај - Комисии на Македонската православна црква и на Српската православна црква во Ниш потпишуваат Нацрт договор за воспоставување црковно единство.
јуни 27 јуни - Донесен е закон за Одликувања и признанија на Македонија.
јули 1 и 2 јули - Во Скопје, се одржа последниот (петти) состанок на Советот за соработка помеѓу ЕУ и Република Македонија. 29 јули - Формирана е Федерација на фармерите на Република Македонија.
август септември 9 септември - Албанската национална армија презеде одговорност за нападот на патролата во Блаце. 15 септември - Се одржуваат парламентарни избори во Република Македонија, на кои победува коалицијата За Македонија заедно.
октомври 10 октомври - Претепани ученици Македонци од соученици Албанци во близина на медицинското училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје. 19 октомври - Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски.
ноември 1 ноември - Македонското Собрание ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски. 11 ноември - Протест на средношколците Албанци во Тетово со барање за ослободување на нивниот некогашен соученик Фадиљ Ферати, како и Шкодран Идризи. 15 ноември - Заврши пописот на населението.
декември 17 декември - Двајца полицајци по неколку часовно заложништво беа ослободени во Дебар. 25 декември - САД побарале од македонската влада дозвола за прелет над македонска територија за авионите кои би учествувале во евентуална воена интервенција врз Ирак.www.a1.com.mk 20 декември - Прва средба на Ахмети со македонски функционер, претседателот на Собранието, Никола Поповски. 22 декември - Промовирани првите книги на македонски јазик во Албанија. 26 декември - МВР поднесе кривични пријави против Војо Михајловски и Бесник Фетаи за злоупотреба на службена должност. 29 декември - две рачни бомби кашикари биле фрлени врз куќи во Ратае.
Култура
Музика
thumb|десно|150px|Ако ме погледнеш во очи
На Евровизија 2002 година, Македонија ја претстави Каролина Гочева со песната Од нас зависи. Ако ме погледнеш во очи, албум на Тоше Проески Најмила, албум на Калиопи Има нешто посилно од се, албум од Владо Јаневски Се најдобро, албум на Љупка Димитровска Те закам земјо црвена булко , албум на Благица Павловска Казино, албум на Благица Павловска Во името на љубовта, албум на Ѓорѓи Крстевски Нешто недостасува, албум на Ареа Dreaming, албум на Кисмет Културно Уметнички Работници , албум на Културно Уметнички Работници. Основан е бендот Новиот Почеток. Благица Калева доживува сообраќајна несреќа, во кој животот го губи нејзиниот сопруг и помалата ќерка Викторија. Основана е музичката група Монистра. Основана е музичката група Vinterthrone.
Книги и списанија
Апокалипса од Михаил Ренџов На едно око од Радован Павловски Опсада на загатката од Санде Стојчевски Разговор со Спиноза од Гоце Смилевски Белиот светец од Ристо Јачев Одбрана поезија од Богомил Ѓузел
Филм и телевизија
Постпродукција на филмот Како лош сон во режија на Антонио Митриќески. Започна со снимањето на играниот филм Тајната книга во режија на Владо Цветановски, а по сценарио на Јордан Плевнеш и Љубе Цветановски. Финални подготовки пред почетокот на снимањето на играните проекти „Глува куќа“ во режија на Иво Трајков, како и на филмот „Како убив светец“ во режија на Теона Митевска.
Објекти thumb|десно|100px|Милениумски крст Поставен камен темелник на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Кичево. Осветена е црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ во Охрид. Осветена е црквата „Св. Атанасиј “ во Удово. Осветена е црквата „Св. Јован Крстител“ во Слатино. Осветена е црквата „Св. Благовештение“ во Скопје. Осветена е црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Осветена е црквата „Св. Атанасиј“ во Оризари, Ѓорче Петров. Осветена е црквата „Св. Јоаким Осоговски“ во Јакимово. Осветена е црквата „Светите Григориј Палама и Свети Димитриј“ во Струмица. Осветена е црквата „Св. Недела“ во Ајакс. Реконструкција на црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Скопје. Оштетена е црквата „Св. Марена“ во Теарце. Изграден е Милениумскиот крст. Членовите и симпатизерите на здружението „Радко“ ја обновиле спомен плочата на Мара Бунева во Скопје. Направена е скулптурата Музиканти.
Останато Основана Православна Охридска Архиепископија, автономна православна црква под јурисдикција на СПЦ. Македонија испраќа воен персонал во поддршка на Меѓународните сили на НАТО во Авганистан.
Спорт Фудбал
ФК Вардар стана шампион по фудбал во сезоната 2001/2002 година. ФК Победа го освои купот на Македонија. Квалификации за европското првенство во фудбал 2004 - група 7
* Пријателски натпревари
Кошарка КК Фершпед Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига. КК Гостивар Николферт го освои купот на Македонија. КК Гостивар Николферт го освои Суперкупот на Македонија.
Ракомет РК Ѓорче Петров ја освојува Лигата на шампиони во ракомет за жени.
Зимски олимписки игри
Учесници по спорт СпортМажиЖениВкупноАлпско скијање 1 0 1Скијачко трчање 1 0 1 Вкупно(2) 2 0 2
30п|alt=|link= Алпско скијање
НатпреварувачДисциплинаРезултати1. трка2. тркаВкупноПласман Дејан ПановскиСлаломНије завршиоВелеслалом1:20,48 (65) 1:18,30 (52) 1:38,78 52 / 57 (78)
30п Скијачко трчање
ИмеДисциплинаКвалификацииЧетвртфиналеПолуфиналеФиналеВремеПласманВремеПласманВремеПласманВремеЗаостанувањеПласманЃоко ДинескиСпринт3:29,29 64Не се квалификува64 / 7130 км1,33:33,922:02:968 /68 (78)
Починати thumb|десно|100px|Илија Милчин Славе Македонски, македонски поет. 3 февруари - Петранка Костадинова, македонска пејачка. 6 февруари - Кирил Мицевски, македонски биолог и ботаничар. 11 март - Илија Милчин, македонски глумец. 21 мај - Слободан Мицковиќ, македонски есеист. 20 јуни - Асен Групче, македонски правник. 3 октомври - Ристо Кирјазовски, македонски партизан и историчар. 19 декември - Александар Сариевски, македонски музичар.
Родени Наводи