Арад (, ) е округ во Романија, сместен во западниот дел на земјата. Главен град на округот е истоимениот град Арад.
Географија Местоположба Округот Арад е копнен округ, кој се граничи: на север со: Бихор; на исток со: Сибињ; на југоисток со: Хунедоара; на југ со: Тимиш.
Релјеф Најголемиот дел од округот се наоѓа во историската покраина Кришана, додека мал дел на јуогт од округот е во Банат. Округот, главно е рамничарски, бидејќи е сместен во Панонската низина), а во источниот дел се извишува планината Бихор. Главен извор на вода во Арад е реката Муреш.
Демографија Арад е мултиетнички огруг во Романија, во кој според пописот во Романија во 2002 година, етничкиот состав на населението го сочинуваат: Романци - 82,2% Унгарци - 10,7% Роми - 3,8% Словаци - 1,3% Германци - 1,0% други - 1,7%
Бројот на населението во округот по временски периоди е претставен во следната табела: Година НаселениеДржавен завод за статистика, "Populaţia la recensămintele din anii 1948, 1956, 1966, 1977, 1992 şi 2002" 1948 476,207 1956 475,620 1966 481,248 1977 512,020 1992 487,617 2002 461,791
Стопанство Заедно со округот Тимиш, округот Арад е еден од најразвиените региони во Романија. Поради неговата близина до границата на земјата, тој е привлечно место за многу странски инвестиции.
Најразвиени индустриски гранки во округот се: машинаската ин автомобилската индустрија; прехранбената индустрија; и текстилната индустрија.
Туризам Туризмот во округот е развиен, со посетата на следните утристички одредишта: градовите Арад и Липова; комуната Монеаса; и пределите околу Савершин, Периш, Мачеа и Печика.
Административна поделба Округот е поделен на една општина, 9 градови и 68 комуни.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1940 година Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Држави и територии настанати во 1925 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1938 година