„Мери Селест“ или „Небесна Марија“ (англиски: Mary Celeste) — американски трговски брод што бил откриен во декември 1872 година напуштен во Атлантскиот Океан. Денес не е целосно потврдено како екипажот и патниците исчезнале од бродот, иако на денот на неговото откривање времето било мошне поволно и целиот екипаж бил искусен и добро упатен во морепловството. Последното отпловување на бродот било кон Гибралтар кога бродот поминал еден месец на море и имал залиха од храна и вода за шест месеци. Целиот товар на бродот при откривањето бил недопрен, па дури и личните работи на екипажот и патниците сè уште стоеле каде тие ги оставиле. Екипажот и патниците не се повеќе никогаш видени и денес случајот со „Мери Селест“ е една од најголемите поморски мистерии во светот.

Судбината на екипажот е предмет на шпекулации од различен вид. Теориите се движат од алкохолно предозирање, преку подводни земјотреси па сè до вонземски појави. Често има и предлози кои се слични со хипотетичките објаснувања на исчезнати бродови во Бермудскиот Т риаголник. Денес, името Мери Селест често се поврзува со мистериозни бродски појави и таканаречени бродови-духови.

Хронологија 1861 – бил изграден „Амазон“ во Нова Шкотска, Канада 1867 – онеспособен во бура во близина на Глејс Беј, Нова Шкотска 1869 – поправен и продаден на американски сопственик. Преименуван во „Мери Селест“ 1872 – отпловил од Њујорк до Џенова на 7 ноември 1872 – последен запис во дневникот на капетанот од 24 ноември 1872 – последен запис на камен од бродот на 25 ноември 1872 – бродот бил пронајден напуштен на 4 декември

Посада Екипаж иместатуснационалноствозрастБенџамин БригскапетанАмериканец37Алберт Г. Ричардсонофицер на палубаАмериканец28Ендру Гилингофицер на палубаДанец25Едвард Хедпослуга и готвачАмериканец23Фолкерт ЛоренсонморепловецГерманец29Ариан МартенсморепловецГерманец35Бој ЛоренсонморепловецГерманец23Готлиб ГондесхалморепловецГерманец23

Патници иместатусвозрастСара Елизабет Бригсжена на капетанот31Софија Матилда Бригсќерка на капетанот2

Наводи

Додатни информации The Saga of the Mary Celeste: Ill-Fated Mystery Ship, Stanley T. Spicer - ISBN 0-88999-546-X The Bermuda Triangle Mystery Solved, Lawrence David Kusche - ISBN 0-87975-971-2 Ghost Ship: The Mysterious True Story of the Mary Celeste and her Missing Crew, Brian Hicks - ISBN 0-345-46391-9 The "Mary Celeste", John Maxwell - ISBN 87-15-01118-6

Надворешни врски

Слики и видео за Мери Селест Project Gutenberg – Капетанот на Полстар од Сер Артур Конан Дојл Откривање на бродот на BBC Слики и видео за бродот на NUMA Изјавата на Џ. Хабакук Џефсон од Сер Артур Конан Дојл Film "Бродот фантом" (1936) на Archive Вистинската приказна за Мери Селест на Smithsonian Networks

Категорија:Поморски мистерии Категорија:Американски бродови