Тајната полиција на МРО е составен дел од структурата на Организацијата. При секој селски, околиски и окружен комитет постоела тајна полиција Устав на ТМОРО:s: Прв правилник на Македонската револуционерна организација. Таа се состоела од две одделенија:
Истражно одделение Казнено одделение
Истражно одделенние
На чело на истражното одделение стоел раководител кои бил поставуваан од страна на претседателот на комитететот.
Раководителот давал заклетва дека верно ќе ги извршува своите задачи и притоа избираал тројца помошници кои не се познавале меѓу себе.
Тие давале заклетва пред раководителот.
Задачата на истражното одделение се состоела од следење на поведението на членовите, поведението на македонското и останатото население, како и следење на активноста на јавната и тајна османска полиција, и известување на комитетот за таквата активност .
Казнено одделение
На чело на казненото одделение исто така стоел раководител кој бирал свои тројца помошници .
Главана задача на казненото одделение се состоела од спроведување на казните, првенствено смртните, а извршителите на казните биле бирани со ждрепка.
Членовите на тајната полиција биле вооружени со револвер и кама, а во акција и со два револвери .
Извори
Надворешни врски Правилник на МРО.
Категорија:Историја на македонскиот народ Категорија:Македонска револуционерна организација