Бистрица-Насауд (; ) е округ во Романија, сместен во северниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Бистрица, а значаен е и градот Насауд.

Географија Местоположба мини|десно|200п|Езерото Колибица Округот Бистрица-Насауд е копнен округ во Романија. Окружен е: на север со: Марамуреш; на исток со: Сучава; на југ со: Муреш; на запад со: Клуж.

Релјеф Округот се наоѓа во историската област Трансилванија. Во округот се наоѓаат долини по горниот тек на реката Самош, кои се опколени со делови од Карпатите.

Демографија Округот спаѓа во оние окрузи во Романија, во кои претежно живеат Романци. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 90% од населението во округот, Унгарците 6%, а останатите 4% ги сочинуваат припадници на други етничка заедница.

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година