Караш-Северин (, ) е округ во Романија, сместен во западниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Решица, а значајни градови се и Карансебеш, Нова Молдавија, Анина и Оравица.
Географија Местоположба мини|десно|200п|Решица е главен град на округот. Округот Караш-Северин е копнен округ во Романија, кој се наоѓа на границата кон Србија. Окружен е: на север со: Тимиш; на североисток со: Хунедоара; на исток со: Горж; на југоисток со: Мехединци.
Релјеф Округот се наоѓа во историската област Банат. Најголем дел од неговата површина е покриена со Банатските планини, а на крајниот западен дел се наоѓа најисточниот дел на Панонската низина. Големо значење за округот има и реката Дунав, која е главен водотек во регионот и ја сочинува границата меѓу Романија и Србија.
Демографија Округот спаѓа во групата на повеќенационални окрузи во Романија. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 88,2% од населението во округот, Ромите 2,4%, 1,9% се Хрвати, по 1,8% Германци и Срби, 1,7% Унгарци и 1% Украинци. Останатите 0,2% од населението се припадници на некоја друга националност.
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1940 година Категорија:Држави и територии настанати во 1919 година Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1926 година