Втората битка на Косово се одвила од 17 октомври до 20 октомври 1448 година помеѓу силите на Кралство Унгарија на чело со Јанош Хуњади и силите на Османлиското Царство предводена од Мурат II. Битката завршила со повлекување на унгарската војска и тактилчка победа на Османлиите. Ова бил еден од последните обиди за протерување на муслиманите од Балканот. Унгарците сметале дека на Косово ќе добијат помош од страна на албанските сили на Скендербег, но до тоа не дошло главно поради разбивањето на унгарската војска. Во оваа битка не учествувал српскиот деспот Ѓурак Бранковиќ, бидејќи сметал дека османлиската војска е премногу силна за да се сопре нејзината инвазија. Затоа, Јанош Хуњади, Србија ја сметал за непријател во војната. Главно поради ова, по неговото повлекување Јанош Хуњади бил заробен од страна на српските сили. Бранковиќ побарал огромен откуп за Хуњади. По неколкумесечните преговори, тој бил ослободен за 100.000 дукати.

Наводи

Категорија:Војни на Отоманското Царство Категорија:Војни на Унгарија Категорија:Војни на Србија Категорија:Битки на Влашка Категорија:Историја на Косово Категорија:Европа во 1448 година Категорија:Судири во 15 век Категорија:Битки во Османлиско-унгарските војни Категорија:Средновековно војување Категорија:Отоманското Царство во 15 век Категорија:Битки на Мехмед II