Свети Константин и Елена — селска црква во тетовското село Блаце, Македонија.
Местоположба
Црквата е сместена над селото, на падините на Сува Гора.
До црквата води пат поплочен со бекатон плочки.
Историја
Црквата постоела одамна и за нејзе Јован Трифуноски има запишано дека во 1940-тите години имало само остатоци од темелите. Околу црквата била зачувана елова шума. Кога црквата постоела, бил организиран собор на кој се колеле заловени елени.
Според натписната плоча на црквата, црквата била возобновена во 1993 година, а била осветена во 1998 година.
Галерија
Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Блаце
Наводи
Надворешни врски
Блаце