Свети Ѓорѓи — главна селска црква во тетовското село Блаце, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена во јужниот (горен) дел на селото, веднаш спроти селските гробишта.

Историја

Црквата била срушена во 1938 година поради дотраеност. По рушењето, мештаните започнале да градат нова црква, но нејзината изградба се одолговлечила, поради што мештаните за празници оделе во црквата во Милетино.

Црквата била обновена врз темели на постара црква во 1837 година.

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна со пространа тристрана апсида од исток и камбанарија од западната страна над влезот во црквата. Таа е малтерисана и варосана во бела боја.

Во поново време бил поставен нов покрив од лим, нов под од мермерни плочи во внатрешноста, нова метална ограда и нова влезна метална врата.

Според извршениот мониторинг од ИКОМОС Македонија во 2023 година, извршените интервенции и вградените материјали се несоодветни.

Фрескоживопис

Црквата има делумен фрескоживопис, кој е од понов период (1970-1974). Застапено е од олтарната ниша и куполата. Негов автор е сликарот Крсто Гогоски.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Блаце

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Блаце